И оваа година традиционално, Здружението на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Република Македонија – ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА подели новогодишни пакетчиња на своите членови, како и во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп, Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, Одделението за неврологија при ЈЗУ Клиника за детски болести – Скопје,и на деца од семејства во социјален ризик. Оваа активност беше во соработка и поддржана од рок групата The Hounds и групата Cyrillic кои несебично ја изразија својата хуманост и помогнаа во реализацијата на оваа активност.