Д-р Ранко Рајовиќ: Како да се справите со бесот и разгаленоста кај децата!

 Д-р Ранко Рајовиќ

За гневот,односно бесот на децата не се виновни децата, туку родителите кои со желба на своите деца да им овозможат сé, им овозможиле премногу.

Ако со еден збор можам да ги опишам најчестите грешки кои родителите денес ги прават, би кажал презаштитеност.

Се разбира, родителите тоа го прават од љубов, но мора да ја знаат на границата меѓу заштита и претерана заштита, вели Д-р Ранко Рајовиќ, еден од најголемите експерти за ран развој на интелигенција кај децата.

“Мора детето како биолошки организам да се развива, да излегува и на дожд и ветер и сонце, дури и да паѓа, да ги раскрвави лактите и колената. Меѓутоа има родители кои не дозволуваат  детето да падне. А токму тоа е прзаштитување и тоа е она што го нарушува развојот на детето “.

Последните истражувања покажуваат дека секоја нова генерација на деца е послаба, а главен виновник се родителите, а тоа е токму поради претераната заштита. Родителот едноставно не го развива биолошкиот потенцијал на детето.

“Живите суштества кои не се движат се растенија, тие немаат нервни клетки. Ние сме живи суштества за движење, имаме најсложен нервен систем. Главна карактеристика на луѓето е исправено држење и движење. Преведено, мозокот се развива во движење. Знаеме од физиологија дека мозокот најмногу се развива во втората, третата, петтата, седмата и дванаесеттата година. Прашањето  е  што е главната работа на детето. Па да се движи и во тоа движење да падне и да се повреди, и да научи како  да се дочека кога ќе падне. Сега имаме чудни ситуации во градинките и училиштата, децата да паѓаат како штици, бидејќи нивниот мозок порано не научил како  да се дочекаат. ”

Image result for happy child autumn

Како сликовит пример на д-р Рајовиќ го наведува детскиот поводник. Се проценува дека е корисен само во ситуации каде што сакаме да го контролираме движењето на детето во близина на патишта и раскрсници, но не и во парковите.

Image result for povodac za decu“Сигурно сте виделе родители кои ги водат децата со поводник, слично како оние за кучиња. Ги прашувам тие родители што ќе ви е тоа. Родителите ми објаснуват дека така детето  помалку паѓа, не развива страв од паѓање и брзо проодува. Но, ако детето не научи да падне на една, две, три години, кога ќе научи. Детето мора да научи да скока и прескокнува препреки. Природно е тоа да гоправи, особено ако може на песок, лисја, сено, плитка вода … Во такво скокање и движење сите мускули работат, мозокот тоа го контролира и се создаваат нови нервни врски, синапси и од тоа зависи неговата интелигенција понатаму. Ако тоа на детето  не му го дозволите, тогаш тоа ќе скока низ куќата, што може да биде опасно. Не е работа на родителите да го спречат детето да скока, туку да внимаваат детето да н се повреди “.

Граница помеѓу заштита и претераната заштита

“Едукацијата на родителите е многу важна. И денес, кога ги прашувам родителите колку е важна генетиката а колку е животната средина, мислењата се поделени. Замислете дека родители кои се многу интелигентни добиваат син. Овој син сам живее  пет години во просторија каде што со никој не комуницира со него. Дали овој син ќе биде 50 или 30% како неговите родители? Не, тоа дете ќе биде ментално заостанато. Овде гледаме дека средината е важна речиси 100%. Тогаш се прашуваме што е со генетиката. И генетиката е 100% важна, но развојот на овој потенцијал зависи од околината. ”

Како еден од главните проблеми е прекумерната употреба на компјутери, односно таблети и мобилни телефони. Јасно е дека ова се важни помагала, но ако има ограничување. Многу родители кога се премногу уморни, вознемирени или имаат обврскина своето дете му даваат таблет или мобилен телефон по неколку часа. До моментот додека употребата е контролиранаво ред, но во спротивно ќе предизвика огромна штета, предупредува Рајовиќ.

Related image

“Ние сé повеќе сме опкружени со технологија, родителите ја купуваат за да си го олесннат животот, а тоа, пак, на крај е штетно за развојот на детето. Родителите мора да бидат свесни дека животната средина е важна и дека ако се менува животната средина, а свесни сме колку брзо се менува, а тоа влијае врз развојот на детето, така што треба да смениме некои стратегии, пристапот кон развојот на децата и образованието, бидејќи во спротивно ќе платиме висока цена и се чини дека веќе плаќаме “.

Д-р Рајовиќ објаснува колку е важно родителите да знаат што е добро, што не е добро, зошто нешто е добро или зошто не е добро и како да му помогнат на детето каде што сме згрешиле.

„Кинезите би рекле дека грешките создаваат искуство, а искуството е почеток на мудроста. Никој не сака да згреши на своето дете. Најдобро е да се едуцирате и да не правите грешки. Децата брзо растат, а грешките тешко се поправаат “.

Главната работа на детето е да игра

Честа појава е форсирање на децата истовремено да одат во музички училишта, на различни спортски активности и учење јазик. Во тој случај, има малку или нема време да си игра, што не е добро.

Не смеете, вели д-р Рајовиќ, да ги присилите децата да одат од една активност на друга, или од друга страна, да му дадете компјутер да игра колку што сака.

Компјутерот не е игра, компјутерот е корист и не може да ги замени родителите. Прошетка, парк, природа, шума, одење во селото е нешто што му помага на развојот на детето. Работата на родителот е да го направи детето посреќно и пораздвижено. Времето што го поминале родителите со детето нема замена. Кога детето ќе прооди, детето е среќно, но и за родителите е огромна среќа, слична ситуација е кога ќе научи да вози велосипед или некоја друга вештина. Ова го прави детето среќно, но во исто време и нас. Тоа е време поминува многу брзо. Знам дека од работа сите се враќаме уморни, детето ни скока по главата, но сфатете дека родителите не можат да бидат заменети со таблетот и мобилниот телефон. ”

Image result for child jump

Кога детето сé решава со плачење

Непостојаните правила водат кон поместување на границата и разгаленоста кај децата. А правилата и границите ги поставува родителот, без разлика дали станува збор за џамлии, сликички, коцки. Договорете се на почетокот и држете се до договорот, советува Д-р Рајовиќ.

“Сигурно сте биле во ситуација вашето дете да бара нешто да му купите. Родителите често попуштаат, детето бара нешто, не можете да го запрете и попуштате. И тоа постојано се повторува, па детето учи дека со плачење може да го добие она што го сака. Ова не смее да се случи. На пример, во едно предавање реков дека џамлиите се добри. А родителите, викендот му купиле на своето дете 100 џамлии, другиот ден дошла бабата и донесла уште 100. Е тоа повеќе не е игра. Бидејќи утре детето ќе дојде во трговскиот центар и ќе бара уште џамли, мајката прво вели не може, но по одредено време попушта. Половина час подоцна, детето гледа други џамлии и повторно бара од својата мајка, но сега на негодувањето на неговата мајка, почнува да плаче, да вика. Мајката не може да слуша од срам и повторно попушта. Во таа ситуација родителот е проблем, а не детето. ”

Како да се контролира гневот кај децата

Детето кое нема друг начин да го реши проблемот го решава со плачење или изливи на бес. Најчесто тоа се размазени деца кои сакаат сè и веднаш. И во овој случај поставување на граници е важно.

“Би сакал на прво место да го споменам големиот проблем на денешницата – тоа се видео игрите. Голем број деца седат и играат со часови. Тогаш се случува детето да биде наградено со одредена количина на ендорфин на секое поминато ниво, па ред на ендорфин, ред допамин. Тоа е како детето да се дрогира. Кога детето ќе излезе од виртуелниот свет, не може да седне и да чита книга или да учи. Неговиот мозок добил одредено фреквентно ниво кое нас биолошки не ни припаѓа. И детето  во реалниот свет не се снаоѓа. Нема социјализација, постои низок праг на толеранција и проблемите се движат, а еден од нив е излив на бес. Границите мора  да се постават, бидејќи подобро да се спречи отколку да се лечи. ”

Доктор Ранко Рајовиќ е лекар, невроендокринолог, основач на центарот “Никола Тесла“, оддел за млади таленти, поставувајќи ги темелите на креативниот систем за учење на НТЦ. Основа на оваа студија е современите научни откритија од невронауката и педагогијата.

Иако програмата НТЦ работи со деца, акцентот на програмата е едукација на родителите, воспитувачите и наставниците како лицата кои е директно одговорни за развојот на детето и неговиот потенцијал.

Целта на образованието, според д-р Рајовиќ, мора да биде развој на функционално знаење и креативност, што не е случај со начинот на учење во областите на поранешна Југославија.

“На просторите на поранешна Југославија има многу деца со пречки во развојот. Наставниците не знаат што се случува. Од нарушувања на говорот, дислексија, дисграфија, дискалкулија. Децата само тонат, а ние ги гледаме. Родителите се оние кои прво треба да направат нешто, а потоа образовните институции и државата.

Ние сите сме убедени дека нашите училишта се најдобри, дека нашите деца се најдобри. Меѓутоа, кога започна PISA (The Programme for International Student Assessment, Меѓународна програма за оценување на студентските постигнувања) тестирањето, нашите деца се меѓу последните во Европа. Нашите деца не се снаоѓаат кога станува збор за поврзување на информации. А тоа е корисно, односно функционално знаење. И токму од ова знаење зависи бруто националниот доход.Па на што да се надеваме за 20 години?! Ако нашите 15-годишници се под просекот на Европа. Само Словенија е во подобра позиција, таа е над просекот и меѓу првите пет земји во Европа. А потоа под просекот се Србија и Хрватска, а далеку под просекот се БиХ и Црна Гора, а на последно место не во Европа, туку во светот,  е Македонија “.

Иако некои ќе речат дека овој тест не е важен, тој во моментов е единствениот индикатор за знаење во одредени земји, заклучува д-р Раховиќ.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА 
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.