Родители тврдат дека нивното бебе добило епилептични напади по примањето на вакцината против менингитис

'This shouldn't be given to young babies - it is ruining their lives before they even start,' said Mr Maguire (pictured with Bobby)И додека во Македонија сé уште се потсмеваат на оние што предупредуваат на почестите и сериозните несакани ефекти на денешните вакцини, во другите делови на Европа е сосема нормално да се поттикнуваат луѓето на критичко размислување за вакцинацијата како дел од свесно живеење, а не принудно. Но, во земјава елитата уште не сака да слушне за вакцинацијата како избор, додека во западните земји се многу понапредни од нас, па таквиот избор е нормален и достоен за демократските општества и затоа нетрпеливоста во врска со вакцинацијата не е изненадувачка и станува очигледно дека Македонија, заедно со земјите од Балканот е претворена во тест зона не само за вакцини, туку и за други експериментални методи за лекување, при што станува  очигледно дека против нив никој не смее да зборува.

Речиси сите светски медиуми го споделија видеото кое првично го сподели dailymail.co.uk  а кое во јавноста го споделија револтираните родители на 10 месечното дете, кое по примањето на вакцина против менингитис, секој ден страда од 14 епилептични напади, при што квалитетот на живеење му е драстично намален. Всушност Luke Maguire и Louise McKever, родители на 10 месечното момче сведочат дека нивното дете пред вакцинацијата било нормално бебе кое никогаш не се разболувало.

Luke Maguire and Louise McKever claim the Men B jab caused their 10-month-old son Bobby (pictured) to have 'daily convulsions', stomach problems, night terrors and allergiesОткако го вакцинирале ова лето имале 55 посети во болница поради епилептичните напади, проблеми со желудникот и страшните алергии. Епилептичните напади и исфрлањето на пена од устата биле наведени како несакани ефекти на вакцината, поради што родителите се особено гневни. Нивната снимка само по неколку часа достигнала 1.8 милиони прегледи и 27.500 споделувања, пренесуваат светските медиуми.

Поради фактот дека родителите ја споделиле оваа снимка која предизвика лавина реакции од светската јавност, болницата сега спроведува тестови над Bobby, како би се отфрлила опцијата дека детето има епилепсија поради генетско нарушување и на тој начин да се убедат родителите дека нарушувањето не е поврзано со вакцинацијата, иако здравјето на бебето очигледно е нарушено после вакцинацијата.

Родителите овој пат не наседнуваат на официјалната страна на приказната на лекарите и предупредуваат: „Овие вакцини не смеат да се даваат на мали бебиња и на тој начин да им се уништи животот кој не ни започнал. Родителите треба нешто да направат. Тие мора да бидат информирани за сé. Зошто докторите не нé предупредија за несаканите ефекти? Родители грижете се за вашите деца, бидејќи никој не превзема одговорност за несаканите ефекти или кога нешто ќе тргне на лошо“– изјавил таткото , на кој Bobby му е син единец.

Родителите додаваат дека Bobby било среќно дете и дека вакцината му го упропастила животот. Нападите почнале истиот ден откако го вакцинирале. Неговата температура нагло се покачила,  тој колабирал и не реагирал никако. Нападите и алергијата продолжувале секој ден и тој веќе не бил истото дете.

Таткото на малиот Bobby исто така ги повика луѓето да сведочат бидејќи е сигурен дека има и други семејства чиј живот е уништен после вакцинацијата.

„Луѓето не зборуваат јавно за своите уништени животи бидејќи се плашат дека другите ќе ги наречат луди и поборници за анти-вакцинација, но јас не можев да молчам. Сакам да бидам глас на сите родители. Моето дете би можело да умре, а јас да молчам, па јас не би можел да живеам со тоа“- изјавил таткото, која ја дигна цела светска јавност на нозе.

С.П.
ИЗВОР


Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.