Герсонов метод на лекување

Image result for gerson therapy carrotПрвичната идеја на Макс Герсон не била да понуди решение за лекување на рак, туку за мигрена од која самиот страдал. Откако ја развил диетата која му ги ублажила главоболките, ја препорачал на пациенти кои страдале од мигрена. Еден од неговите пациенти не само што се ослободил од мигрената, туку и се излечил од туберкулоза. Подоцна се утврдило дека неговата диета успешно го лекува и ракот.

maks-gerson1Герсоновата терапија е метод на лекување на ракот и другите тешки болести со помош на посебен режим на исхрана и детоксикација на организмот, што ја осмислил и развил германскиот доктор Макс Герсон. Целта на оваа терапија е преку овој начин на исхрана и детоксикација да се доведи организмот до состојба  на само-лекување. Доктор Герсон ја открил диетата во 30-те години на минатиот век, експериментирајќи и барајќи лек за себе за мигрената.  Потоа оваа терапија ја користел за лекување на дегенеративни болести како туберкулоза, дијабетес и рак.

Иако станала популарна како терапија за лекување на ракот, Герсоновата Терапија се користи и за лекување на други болести како што се: епилепсија, зависност од дроги и лекови, синдром на хроничен замор, дијабетес, алергии, артритис, болести на срцето и бубрезите, на тој начин што му овозможува на имунолошкиот систем и метаболизмот правилно да работат.  Терапијата може да се спроведе и превентивно со што би се спречиле многу други болести и би го сочувале доброто здравје без несакани штетни ефекти.

Денешниот начин на живот најчесто вклучува голема количина на стрес, недостаток на сон, лоша исхрана и недостаток на движење,а сето тоа негативно влијае на нашиот организам. Неправилна исхрана е исто така голем проблем. Храната која е преработувана и која ја купуваме од продавниците, најчесто е полна со адитиви, токсини и разни микроорганизми. Герсон сметал дека овие токсини се акумулираат во нашето тело и е само прашање на време кога ќе реагираат во организмот и ќе почне да се создава тумор.

Што содржи Герсоновата терапија?

Оваа терапија ги дели намирниците во 3 групи: пожелни, повремено дозволени и забранети. Најчесто храната се јаде сирова и во целост е вегетаријанска без сол. Најпосакуван избор се овошјето, зеленчукот и тоа во големи количини. Доколку зеленчукот се готви, тогаш треба да се готви со многу малку вода, а потребно е водата да биде дестилирана, изворска или флаширана. Работата на метаболизмот се стимулира со додавањето на калиум и други додатоци, а со избегнување на животинските масти, вишок на протеини, натриум и други токсини.

Потребни намирници:

Овошје и зеленчук во големи количини како: моркови, домати, пиперки, боранија, блитва, кељ, брокула, црвена и зелена зелка, портокали, лимони, јаболка, круши. праски, сливи и цреши.

Овошјето и зеленчукот се јадат сирови во салати, како сокови и супи и во комбинација со јогурт и мед. Од масло смеете да користете само масло од ленено семе, а од исхраната морате во целост да ја исфрлите солта, што е причинител на многу болести. Не се препорачува да пиете вода, туку само сокови и тоа 13 чаши сок на ден.

Повремено е дозволено:

Половина банана, ориз, интегрален леб од ’рж или овес, варен компир, јаворов сируп, кафеав шеќер, не повеќе од 2 лажички на ден

Забранети намирници:

Вода, сол, преработена храна како што е конзервирана, сувомесната и солена, алкохол, кафе, чаеви, Мешункаст зеленчук (грав, грашок, леќа), соја, печурки, маргарин, месо, млеко и млечни производи, замрзната храна, овошје како ананас, авокадо, малини (и други видови на бобинки), кокос и јаткасти плодови, краставица, зелје и спанаќ.

Терапија со сокови

Консумирањето на сокови од овошје и зеленчук особено ако е органско помага во борбата против клетките на ракот. Соковите треба да се пијат во текот на денот секој еден час. Најважно е соковите да се свежи, подготвени од намирници кои се дозволени или привремено дозволени.

Четири основни типови на сок:

Морков;

Јаболко и морков;

Портокал;

Сок од зелена зелка и зеленчук што е дозволен.

За оваа терапија важна е точната и прецизна консумација на храна и сокови.  Покрај соковите се препорачува да се јадат 3 лесни оброци. Со секој оброк треба да се вклучува: салата, готвен зеленчук, варени компири и Хипократова супа поради детоксикација.

Ова е шемата:

08:00 – Пред појадок на празен стомак напијте се чаша сок од зеленчук и овошје по ваша желба од дозволените намирници.
9:00 – Една чаша зелен сок (спањак, блитва, кељ, лисја од коприва, магдонос, зелка, цвекло и зелено јаболко)
10:00 – Сок од јаболко и аспарагус
11:00 – сок од морков
12:00 – Една чаша зелен сок
13:00 – Пред ручек испијте една чаша сок од јаболко и морков
14:00 – Една чаша зелен сок

15:00 – Една чаша сок од морков
16:00 – Повторно чаша сок од морков
17:00 – Сок од јаболко и морков
18:00 – Една чаша зелен сок
19:00 – Пред вечера, една чаша сок од јаболко и морков

Рецепт за Хипократова супа

Потребни состојки:

1 средна големина корен  од целер

1 среден корен од магдонос

1 праз

2 главици кромид

лук по желба

малку лист од магдонос

600 грама домати

400 грама компир

Подготовка:

Зеленчукот излупете го, добро измијте го и сечете го на мали коцки. Додајте се во голем сад со вода, така што ќе го покрие зеленчукот. Гответе на тивок оган додека не дојде до вриење, а потоа гответе на многу тивок оган саат и половина до два додека зеленчукот целосно не омекне. Откако ќе го тргнете тенџерето зеленчукот се пасира. Не смеете да готвите со алуминиумски кујнски прибор. Дозволено е само користење на сребрен прибор за јадење.

Препорачани додатоци на исхрана

Освен малиот број на намирници кои се дозволени во Герсоновата терапија може да се користат и некои додатоци во исхраната како витамини C, B3, B12, B17, коензим Q10, колострум, калиум и јод во облик на Луголов раствор

Во видеото Ховард Штраус, внук на Макс Герсон и основач на „Герсоновиот Институт“ зборува за Герсоновата терапија како гостин во ТВ „ХРТ“. Дознајте повеќе од видеото:

 

 

Пишува: С.П.


Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.