Ефикасноста на кетогената диета за лекување на епилепсија

kdСтудијата од 2014 година-  (ВИДИ ЛИНК) објавена во научното списание „Nеurology“ покажа дека кетогената диета помага и кај возрасни и кај деца во третирањето на епилептични напади.

Кетогената диета била дизајнирана во 1924 година од страна на д-р Расел Вилдер (Dr. Russell Wilder) на Клиниката „Mayo“ во Америка. И покрај тоа што се покажала како многу ефикасна во лекувањето на епилепсијата, престанала да се практикува, а тоа се должело на порастот на нови антиепилептици лекови во 1940 година. И покрај многуте хипотези механизмот на кој работи диетата за да ги контролира нападите останува мистерија и до ден денес. Научниците од неколку лаборатории ширум светот сé уште работат на откривање на оваа мистерија преку испитување на животни.

Во 1994 година семејството на Чарли Абрахам почнало со работа на „The Charlie Foundation“ фондација која е глобален лидер во промовирањето на кетогени терапии.
Чарли ги пиел сите антиепилептици и извршил  операција на мозокот, која се покажала како неуспешна. Тој започнал со кетогената диета уште кога бил дете и ја практикувал во следните 5 години. Денес тој е студент и нема повеќе епилептични напади.
Која е суштината на диетата?

пдОсновата на кетогената диета е во способноста на мозокот да ги користи кетоните како извор на енергија. Во нормални услови мозокот добива најголем дел енергија од гликозата (вид на шеќер) од јаглехидратите во храната како: шеќер, леб или пасти, додека телото користи кетони наместо гликоза како извор на енергија. Во случај на глад (кога детето нема јадено 24 часа)- што е и првиот чекор од почнувањето со кетогената диета, телото ја користи зачуваната гликоза. Тоа значи дека кога нема гликоза во детското тело за да обезбедува енергија, организмот почнува да ги согорува зачуваните масти односно хормоналните промени предизвикуваат масните клетки да ослободуваат масти, кои потоа се разложуваат во црниот дроб. Црниот дроб ја претвора енергијата од масти во кетони, што потоа ги пренесува во крвта, а таа се транспортира во мозокот.

Кетогената диета овозможува овој процес да продолжи. Му овозможува на детското тело да согорува масти деноноќно со одржување на калориите на ниско ниво и со изборот масните производи да бидат основен начин на исхрана. Всушност со диетата 80 проценти од калориите се обезбедуваат преку мастите, додека остатокот се добива од јаглехидратите и протеините. Секој оброк содржи за четири пати повеќе масти од протеини и јаглехидрати. Износот на храна и течност при секој оброк мора да биде измерена во грамови.

Исхрана
Исхраната е богата со масти, го снабдува телото со соодветни протеини, а истовремено се внесуваат низок процент на јаглехидрати. Оваа комбинација го менува начинот на кој енергијата се користи во телото. Кога мастите се основен извор на калории кетоните се формираат. Мастите се пренесуваат во црниот дроб како масни киселини и кетонски тела.

Друг ефект на диетата е тоа што го намалува нивото на гликоза и ја подобрува отпорноста на инсулин. Покаченото ниво на кетонски тела во крвта, состојба позната како кетоза, доведува до намалување на појавата на епилептични напади.

  • Ова се состојките што ги содржи кетогената диета:
    Масти и масла: Путер, авокадо, лој од говедско месо, макадамија ореви, маслиново масло, кокосово масло.
    Протеини: Риба, морски плодови, јајца, јагнешко месо, пилешко, говедско, свинско месо.
    Зеленчук: Се препорачува зеленчук со ниско ниво на јаглехидрати што растат над земјата како: артичок, брокула, аспарагус, грашок, кељ, тиква.
    Млечни производи: Полно-масно млеко, кисела павлака, тврди и меки сирења.
    Јаткасти плодови и семки: Макадамија, ореви, бадеми, лешници, фстаци, индиски орев, сусам.
    Како што можете да забележите намирници како: леб, компири, грав, леќи, овошје и десерти не се вклучени.
    Постојат 5 нивоа на кегогената диета кои биле објавени во медицинската литература како ефективни третмани за епилепсија: 1)класична кетогена диета; 2)модифицирана кетогена диета; 3)среден синџир на триглицериди (MCT) диета со додаток на масло во исхраната; 4)модифицирана Аткинсова диета и 5)диета со низок Гликемски индекс (LGIT).

    Класична и модифицирана кетогена диета:

    Полно-масната павлака, путерот и растителните масла ги обезбедуваат неопходните масти. Исхраната во целост ги елиминира слатките како бонбони, колачи и десерти.
    Другата храна богата со јаглехидрати, како што се леб, компири, ориз, житарици, тестенини не се дозволени. Храната мора да биде внимателно подготвена и измерена во грамови. Секој оброк треба да се јаде во целост за диетата да биде ефективна. Класичната кетогена диета се состои од сооднос во грама на масти и протеини и јаглехидрати од 4: 1 и 3: 1, додека модифицираната кетогена диета се состои од односот на 2:1 и 1:1.

    Оваа диета може да помогне на децата со епилептични напади од детството, па се до  тинејџерските години. Не постои начин да се предвиди однапред дали таа ќе биде успешна. Традиционално диетата се користела за деца со миоклонични, атонични и тонично-клонични напади. Во секоја деценија од 1920-тите, студиите постојано покажувале дека 50-75% од децата, кај кои било тешко да се контролираат нападите оваа исхрана помогнала.

Студија од 2008 година- (ВИДИ ЛИНК)  открила дека честата појава на напади после 4 месеци практикување со оваа диета биле значително намалени кај 54 деца во споредба со децата кои биле на терапија со лекови.

Среден синџир на триглицериди (MCT) диета со додаток на масло во исхраната

Оваа диета често се користи во Англија и Канада, но ретко во Америка. MCT диетата е повеќе флексибилна за поголем избор на храна благодарение на дозволата за внесување на повисоко ниво на јеглехидрати и протеини. Се однесува на типот на масло (среден синџир на триглицериди) што произведува кетони многу полесно од „LCT“ (долг синџир на триглицериди) мастите. Ова подразбира дека се неопходни помал вкупен износ на масти, а се дозволени повеќе јаглехидрати и протеини во режимот на исхрана.

Модифицирана Аткинсова диета
Оригиналната Аткинсова диета е многу ниска во однос на јаглехидрати и била развиена како терапија за намалување на телесната тежина. Терминот „модифицирана” ја опишува долната граница на јаглехидрати во споредба со препораките за стандардната Аткинсова диета, а акцентот се става на исхраната со високи масти.  Соодносот помеѓу мастите и јаглехидратите и протеините е 1:1.
Модифицираната Аткинсова диета била креирана во болницата „Johns Hopkins“ со цел да понуди помалку рестиктивен диететски третман за тинејџерите и нивните родители.
Студиите од неколку болници покажале надежни резултати и дале доказ дека модифицираната Аткинксова диета е ефективна во подобрувањето на контролата на нападите во 45 проценти кај пациентите кои се придружувале до неа.
Диета со низок Гликемски индекс (LGIT).
Ова е специјално високо масна диета слична на кетогената диета која се користи за тешките случаи на епилептични напади. Гликемскиот индекс е мерка за ефектот на јаглехидрати врз нивото на шеќерот во крвта. Јаглехидратите кои брзо се дигестираат имаат висок Гликемски индекс, додека јаглехидратите кои бавно се дигестираат имаат низок Гликемски индекс. Храната се проценува врз основа на нивната вредност на Гликемски индекс, а таа се движи од нула до 100. Диетата вклучува храна која има Гликемски индекс 50 или пониско. Дигестирањето на јаглехидратите може да биде забавено и од храна која истовремено содржи масти и влакна. Токму затоа оброците се балансирани со извори на масти, протеини и низок Гликемски индекс на јаглехидрати.
Оваа диета била развиена во 2002 година од д-р Елизабет Тиеле и диетичарот Хајди Фејфер во Општата Болница во Масачусетс во Бостон. Тие двајцата сакале да понудат опција на полиберална исхрана како прилог на класичната кетогена диета за родителите на децата со епилепсија. Нивната прва публикација за ефективноста на третманот била објавена во 2005 година.
Повеќе информации за диетите може да најдете ТУКА

Погледнете го видеото и слушнете ја личната приказна на 33 годишната Мишел, која за првпат добила епилептичен напад на 6 годишна возраст. Во текот на нејзиното лекување таа испробала различни лекови, но ниту еден не покажал успех. Во 2014 година Мишел добива епилептични напади кои траат по 3 минути. Потоа, таа по препорака на докторите почнува да практикува без глутенска кетогена диета и за прв пат добила контрола врз нејзините напади.

Пишува С.П.


Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.