Пишувањето пораки, влијае на мозокот

Смартфоните овозможуваат  лесно и брзо пораките да стигнат онаму каде што сакаме без да користиме говор. Тие заедно со интернетот во голема мера го променија начинот на комуникација меѓу луѓето. Но, ова сеако повлекува и некои други нешта.

fb
Пишувањето пораки го менува и мозокот. Некои научници откриле дека додека се пишуваат пораки, мозокот работи според поинаков шаблон од оној кога се извршува некоја друга активност.
Процесот на мозокот
Иако се случува само привремено, мозокот се менува кога пишувате пораки, речиси како да сте влегле во еден сосема поинаков начин на размислување. Всушност настанува промена кај мозочните бранови што е карактеристична само за лицата што пишуваат пораки и се вика „ритам на пишување текст“.
Резултати од направени истражувања
129 луѓе биле ставени на електро енцефалограм (ЕЕГ) додека пишувале. Некои од учесниците имале епилепсија. За време на тестовите, учесниците требало да извршат одредени задачи, како говор или когнитивни активности. Целта била да се види дали и овие активности ќе се извршуваат со истите шаблони на работа на мозокот како и кај пишувањето пораки.
Кај 27 учесници се забележал поинаков шаблон при пишување – и кај оние со епилепсија и кај останатите. Не се знае зошто кај другите учесници недостасувал, иако други реакции се случуваат  кај сите поради изложеноста на светлина и интензивниот ментален фокус. Сѐ уште не се направини истражувања за да се испита кај кои луѓе е веројатно мозокот да користи различен шаблон кога се пишуваат пораки.
Ова не изгледа опасно, но промената во активноста на мозокот докажува дека пишувањето пораки предизвикува одвлекување на вниманието. Затоа треба да го одбегнувате особено додека извршувате друга активност што бара целосно Ваше внимание и фокусирање.
Можеби во иднина користењето на технологијата ќе придонесе за поинаков напредок на човештвото, но до тогаш внимавајте кога пораките Ви ја намалуваат продуктивноста.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.