Д-р Рајовиќ: 5 работи кои го забрзуваат развојот на интелигенција кај децата

Ако сакате да се поттикне развојот на интелигенција кај своите деца,немојте да им забранувате да скокаат на креветот и не ги возете во количка. Д-р Ранко Рајовиќ, извршен директор на “Менса Србија”, открива зошто тоа е погрешно, и кои уште грешки секојдневно ги повторуваат поголемиот дел од родителите и тоа сосема несвесно.

Image result for family child

Скокањето на кревет, качувањето и други акробации кои обично им се забрануваат на децата, се одлични за развој на мозокот и интелектуалните способности на децата, велат експертите

– Интелигенција не е наследна, децата од родителите го наследуваат само потенцијалот кој треба да се активира, па токму поради тоа најважна е стимулација во раните години од животот на детето. Клучна улога во тоа имаат родителите, вели д-р Рајовиќ, кој воедно е и претседател на Комитетот на светската “Менса” за надарени деца и автор на системот за учење “НТЦ”.
Според него, драги родители, ни случајно не ги повторувајте следните грешки, ако сакате да го поттикнете развојот на интелигенција кај своите деца од најраните денови.
 
Не обојувајте ја собата на детето во розово
Во првиот месец, бебето гледа сè нејасно и матно, како да има диоптер  +20 и забележува само силни контрасти. Затоа, наместо еднобоен розов или син ентериер, во детската соба првите 40 дена ставете темни завеси или тапети, која ќе бидат контраст, вели д-р Рајовиќ.
 
Оставете го вашето дете да лази и да игра на подот
Додека детето е лази, со рацете се потпира на подот, а тој вид на притисок врз дланката активира одредени делови на мозокот кои се важни за понатамошната интелигенција. Некои родители брзо го подигаат своето дете од подот, не сакајќи да ги извалка рацете или да стави во устата некаква нечистотија која ќе ја најде. Сепак,  суштината е во тоа дека фазата на лазење е многу кратка, и ако не се случи тогаш специфични стимулација на дланките, пропуштме добра можност за развој на мозокот.
 
Image result for childrens jumping  bedНе им забранувајте да скокаат на креветот
Нервни клетки кои не рабтат умираат, и токму тие ги поттикнуваат децата да скокаат. Секој скок го поместува тежиштето на телото на лево или десно, а со тоа ги активира сите мускули да се одржи рамнотежа при враќање на нозе, а оваа активност всушност ја контролира мозокот.
“Наместо да му забраните на детето да скока, подобро внимавајте на безбедноста. И ако навистина сакате да го поттикнете развојот на интелигенција кај децата, родете му брат или сестра. Едно дете скока пет минути,
но две деца заедно пет часа “, советува д-р Рајовиќ.

 
Научете ги што е можно поскоро да ја џвакаат храната
На 18 месеци децата во голема мера треба да јадат цврста храна. Од големо значење е што поскоро да се започне со џвакање на храната, бидејќи на тој начин побрзо се  активира јазикот, па со самото тоа и говорот ќе се развие подобро.
 
Оставете ги да одат наместо да се возат во количка
Пешачењето е многу важно за развојот на мозокот, а многу родители денес децата ги возат во количка до четири години. Освен влијанието врз когнитивниот развој, долгото возење на децата во колички доведува до појава на рамни стапала, појава со која се соочуваат со повеќе од 50 проценти од децата. Затоа,  децата нека одат, колку што е можно повеќе и тоа боси, се разбира, ако има услови за тоа.
 
Ги правите ли и вие овие грешки?



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.