Голема хуманитарна забава -ГАЛЕРИЈА

На 07.12.2016 година во 21:00часот во кафе ,, Вирус “ -Прилеп во организација на Младинската организација на СОУ ,, Ристе Ристески- Ричко “ – Прилеп беше организирана Големата хуманитарна забава по повод 3 –ти Декември – Светскиот ден на лицата со попречености.

Собраните средства од забавата се наменети за Здружението за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Република Македонија  ,,ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА” .

На забавата настапија  прилепскиот бенд,, The Hounds” и DJ David Kay , кои се вклучија и несебично го поддржаа овој настан.  СОУ ,, Ристе Ристески- Ричко “ и Младинската Организација и во иднина ќе продолжат да организираат хуманитарни настани, со цел помош на ранливите категории.

Ова е дел од активностите кои произлегуваат од соработката меѓу СОУ ,, Ристе Ристески- Ричко “ и Здружението ,,ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА” , а во иднина следуваат други активности, се цо цел подигнување на свеста за епилепсијата, и помош на оваа група граѓани.

img_47391 img_46961 img_47041 img_47071 img_47201 img_47531 img_48201 img_48861img_47251



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА on]
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.