Едукативен настан и во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски- Питу“ – Прилеп

Здружението на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Република Македонија – ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА продолжува со активностите, по повод Ноември, месецот на свест за епилепсијата,  и одржа едукативен настан и во СЕПТУ “Кузман Јосифоски -Питу” Прилеп. Целта на овие активности е подигнување на свеста за епилепсијата како едно од најчестите нарушувања, правилна инклузија на овие лица во општеството, како и постапка на прва помош при напад. Поддршката ја добивме и од ова училиште и исто така можна е соработка за заеднички идни активности меѓу ова училиште и нашето здружение.

Ова е последната активност во Ноември, и со тоа се заокружува реализацијата на првата етапа од проектот „Постојам и јас, запознај ме, поддржи ме“ и се надеваме на успешна реализација на идните етепи.

dscn2598dscn2595 dscn2599



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА on]
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.