Договор за соработка со ЛАГ Агро Лидер

loggДенес во просториите на регионалната канцеларија на Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА, беше потпишан меморандум за соработка со ЛАГ Агро Лидер, во рамки на проектот „Сличноста на различностите“, чија цел е подобрување на квалитетот на живот на лицата со епилепсија и нивна социјална инклузија.

Инаку Здружението за рурален развој ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА АГРО ЛИДЕР , овозможува заедничка соработка на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, а преку информирање, едукација и активирање на населението ќе обезбеди долгорочен развој на руралните средини на територијата на Општините Долнени, Кривогаштани и Крушево.

Оваа соработка во понатамошниот период ќе овозможи реализација на заеднички проекти и активности, со цел да се овозможи подобар квалитет на живот на лицата со епилепсија како, подобрување на свеста за епилепсијата како нарушување и намалување на дискриминацијата врз лицата со епилепсија, особено во рралните средини.

dog1

1222



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА on]
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.