Болки во грлото – еве како да си помогнете

14012153_1434132973280455_1923326115_nОпаѓањето на температурите го означува почетокот на периодот на настинките и распространувањето на грипот. Повеќето луѓе во текот на есенските и зимските месеци ќе почувствуваат раздразнетост и гребење на грлото или болка при голтање и зборување.

Добрата вест е што во повеќето случаи болката и непријатното чувство на гребење и сувост одминуваат брзо и не претставуваат сериозен здравствен проблем.

Без оглед на тоа дали болките во грлото се последица на бактериска или вирусна инфекција, јака настинка или пак механичка иритација од сув воздух, ладни пијалоци, гласно пеење или викање, овие тегоби можете да ги ублажите така што најпрво ќе си направите топла лимонада во која ќе измешате една лажица мед и ќе ја пиете полека, голта по голтка.

Најчесто домашната нега е сосема доволна за ублажување на иритирачката болка и чувството на сувост и гребење. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го надминете овој проблем:

Еден од старите народни лекови е да загреете чиста памучна крпа, да ја натопите во алкохол, да ја посипете со бибер и да ја заврзете околу вратот.

Топла солена вода. Во една чаша со топла вода додајте една лажичка сол. Користете го растворот за гаргара неколку пати дневно, при што ќе ја исплукувате течноста.

Сода бикарбона и сол. Во чаша со топла вода растворете половина лажичка сол и половина лажичка сода бикарбона. Правете гаргара на секои 2-3 часа.

Пијте топли течности. Топлите чаеви и супи можат да го омекнат болното грло и да го намалат гребењето. Ако болките во грлото се проследени со затнат нос, топлите пијалаци можат да ви бидат од голема корист затоа што ќе ви го олеснат дишењето.

Топла лимонада со мед. Во топла вода додајте сок од еден лимон и засладете со лажица мед. И медот и лимонот се препорачливи при појава на болно грло.

Лук. Поради своите антибактериски својства, лукот помага и во превенцијата од грип и настинка и во ублажувањето на симптомите.

Рен.  Во чаша со топла вода додадете една лажица изрендан рен и една лажица мед. Добро измешајте и пијте голтка по голтка.

Јаболков оцет. Кога ќе се појават првите симптоми на воспаление на грлото се препорачува да направите испирање на грлото со јаболков оцет. Во чаша со топла вода измешајте три лажици оцет, и направете гаргара.

Сируп од кромид. Во тегла редете парчиња кромид, лимон, и една лажица мед се додека не ја наполните до врвот. Оставете ја да отстои на темно и ладно место околу 10 часа, се додека кромидот не пушти сок. Исцедете ја во темно шише и земајте по една лажица на секои два часа.

Одмарајте го гласот. Зборувајте со низок тон и воздржете се од напрегање на гласните жици, како викање или пеење.

Останете 5 минути во бањата по туширањето. Истуширајте се со топла вода, а потоа останете барем пет минути во бањата. Пареата ќе го омекне грлото и ќе го отстрани чувството на гребење кое често резултира со кашлица.

Не пушете и избегнувајте ги просториите во кои се пуши. Пушачите често страдаат од суво грло, бидејќи вдишувањето на чадот од цигарите ја надразнува слузокожата на устата и грлото. Доколку страдате од болно грло, потребно е да го прекинете пушењето, а ако не сте пушач, да се заштитите од пасивното пушење.

Не чистете со силни средства. Додека имате проблеми со грлото, не чистете со средства со силна миризба или со средства кои се користат со помош на распрскување. Чистењето на прозорците може да почека за откако ќе се почувствувате подобро.

Дишете преку нос. За да не го надразнувате грлото, дишете преку носот, особено кога сте надвор на ладно. Ако ве измачува затнат нос и тоа е причината поради која дишете преку устата, користете капки или спреј за нос.

Шмукајте тврди ментол бонбони. Бонбоните ќе го зголемат лачењето на плунка и ќе ја одржат влажноста на грлото за да се намали раздразнувањето.

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.