Дали лице со епилепсија смее да управува со моторно возило?

Во основа, управувањето на моторно возило треба да биде процедурално кај секој пациент индивидуално, во зависност од типот на кризите, нивната фреквенција, и ефектот од ординираната терапија, иако веднаш треба да се напомене дека во различни земји во светот, доктринарниот став спрема овој проблем е различен. Имено, има земји во кои забраната е индивидуална, и се проценува за секој пациент посебно. Но, има и земји во кои постои одредел либерализам, при што дури се определува одреден временски период на немање кризи, на пример шест месеци ( дури и три месеци!!!), што за многу еминентни епилептиколози во светот претставува голема енигма поради фактот што нападите никогаш не може да се предвидат (!).
Во оваа смисла особено екстремни се скандинавските земји. Доктрината е моделирана според многу малиот број на несреќи кај пациентите со напади (!), „забораваќи при тоа (забелешка на комисијата при француската Лига за борба против епилепсија), дека бројот на пациенти со епилепсија кои што се осмелуваат да управуваат со возило е помал од 1% , што пак, наметнува логичен заклучок дека и бројот на несреќите кај тие пациенти, секако, ќе биде минимален, ако нивното учевство во сообраќајот е минимално.
Во секој случај, еден пациент со напади иако е добро контролиран, никогаш не смее да има дозвола за професионален возач, или да извршува работа на кран, или да управува со тешко возило, па дури истото и да биде стационирано.
Ова, никако не значи дека еден пациент не може да управува со свое возило. Како што веќе рековме, проценката е секогаш апсолутно индивидуална и условена со фактот, пациентот да немал напади најмалку 4 години, а електроенцефалограмот да биде нормализиран. Сепак, кај
15
секој случај последниот збор го има епилептикологот, односно неврологот, кој треба да процени пред сé, кој е епилептогениот фактор и дали еден ден, под посебни услови на превенција, пациентот ќе може да управува со моторно возило.
Напоменуваме дека во нашата секојдневна пракса како епилептиколог, во еден период од околу 45 години, имаме дозволено на поголем број пациенти да управуваат со моторно возило. Меѓутоа, мора да се напомене, дека е многу поголем бројот на пациентите на кои не им беше дозволено да управуваат со моторно возило, поради фактот што за време на животот почнале да манифестираат епилептични кризи. За жал, во сеќавање ни се три случаи кои не се сеогласиле со стручната одлука да не управуваат повеќе со своето возило, чиј крај беше трагичен. Сметаме дека неопходно е пациентот совесно да ги слуша советите на својот лекар епилептолог, односно невролог. Во повеќедецениската пракса имаше и повеќе случаи кога семејниот лекар, само после неколку месеци без кризи, на својот пациент му вели „вози слободно“ (овој број е мал, но постои, се разбира, многу е поголем бројот на лекари кои сосема одговорно му приоѓаат на овој проблем). Никогаш не треба да се заборави дека проблемот со себе носи голема одговорност како за животот на пациентот, така и за околината.
Значи, управувањето со моторно возило треба да биде индивидуално проценето за секој пациент посебно; во никој случај проблемот не треба да биде генерално третиран и разрешуван.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА 
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.