Каков треба да биде односот на семејството кон лицето со епилепсија?

Епилептичните напади можат да бидат многу варијабилни и да се појават со различна фреквенција. Токму таа непостојаност и непредвидливост во појавувањето на нападите ги поставува пациентот и семејството во односи на напнатост, исчекување и страв, особено ако се работи за фармакорезистентна форма, кога нападите се почести. Честите напади, на некој начин, ја модулираат семејната хармонија и организација. Оттаму, доколку постојат и карактерни промени кај пациентот, може да дојде и до нарушување на интерперсоналните односи во семејството, особено ако пациентот се третира како хендикепирана личност. Семејството треба да биде информирано за овие можни проблеми, па во никој случај не би требало да дојде до промена и пореметување на семејната хармонија. Можеби ова е лесно да се каже, но потечко е да се спроведе во реалноста. Во секој случај, членовите на семејството се тие кои треба да го „понесат поголемиот товар – како што вели еден познат психолог, и да ја моделираат и негуваат семејната хармонија“.
Еве некои практични искуства од земјите кои семејните односи ги имаат елаборирано повеќе децении.принципот, детето да не спие во собата со своите родители поради ризикот од пореметувања во однесувањето, во некои земји е почитуван и кај пациентите со епилептични напади.
Меѓутоа, овој принцип во никој случај не треба да се сфати како правило, туку треба да биде дискутиран за секој пациент индивидуално, зависно од типот на неговите напади, нивната зачестеност и, се разбира, успехот на ординираната терапија. Во секој случај, пациентот треба да биде надгледуван, особено ако има кризи во сон. Креветот треба да биде доволно широк, не многу висок од подот и, на некој начин, да биде заштитен од страните. Домашните, доколку
25
никој не спие во истата соба, не треба да бидат многу оддалечени, поради непредвидливите околности за помош во секое време од ноќта.
Во домашната средина, доколку пациентот има браќа, или сестри, би требало да се практикува „однесување на еднаквост“ – најнормално однесување и кон пациентот и кон другите деца, се разбира секогаш во услови, колку што тоа го дозволува состојбата на самиот пациент, односно типот на нападите и нивната зачестеност. Целта е пациентот да не се чувствува хендикепиран. Меѓутоа, сите членови на семејството треба добро да ја познаваат природата на нарушувањето, клиничката манифестација на нападите и можностите како и на кој начин ќе може секој од нив поединечно да му помогне при евентуален напад.
Обично, децата имаат привилегиран однос со постарите членови на семејството (дедо и баба) и, по правило, овој однос треба да се негува и одржува.
Исто така, сите во семејството треба да го знаат телефонскиот број на лекарот што го лекува пациентот, во случај за неопходна и итна потреба.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА 
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.