Вакцинација на дете со напади

Во принцип, во ниту една земја во светот вакцинирањето не е контраиндицирано, иако лекарот е должен да го надгледува детето во смисла на евентуална појава на пост-вакцинални реакции со висока температура, која може да биде причина за појава и на напади.
Доколку има појава на хиперпирексија (покачена температура над 38°C), потребна е превенција со аспирин, парацетамол, или некое друго антипиретично средство. Има земји во кои се препорачува и бензодиазепински препарати, што се практикува и во нашата земја.
Ако, пак, како компликација се појави и повраќање, или само нагон за повраќање, можат да бидат ординирани и антиеметици (лекови против повраќање), но со голема доза на превенција, поради можноста за така наречена интеракција на лековите, во случајов антиепилептикум-от, што редовно го зема пациентот, и ново ординираниот лек. Таков е случајот со антиеметикот мефлокин, кој што во никој случај не се ординира со антиепилептични лекови (АЕЛ).
Ако пациентот поради некој инфективен агенс, има и дијареа (пролив), исто така, многу е битно да се внимава кој антибиотик ќе се ординира, токму поради споменатата интеракција на лековите од постојаната со новата терапија.
Во принцип, антиепилептицте влегуваат во интеракција, како меѓусебе, така и со сите други лекови, создаваќи нови молекули, кои можаттоксични. Токму поради можната интеракција, потребна е голема превенција и внимателност, како во поглед на предозирање со лекот, така и во врска со ординирањето на други лекови.
На овој така наречен „јатроген проблем“, денес во светот му се посветува големо внимание, така што за секој лек, во упатството треба да бидат напишани сите други
23
лекови, со кои тој влегува во интеракција. Тоа е задача на лекарот, но добро е за ова да бидат информирани и пациентот и родителите.
Актуелизираќи ја фебрилноста, како фактор за појава на конвулзии (напади), накратко ќе дадеме неколку објаснувања во врска со така наречените фебрилни конвулзии (грчеви). Овој проблем често се сретнува во раната возраст.
За разлика од комплицираните фебрилни конвулзии, кои имаат сосем друга дијагностика и третман, „простите“ или обичните фебрилни конвулзии, кои се појавуваат во првите месеци, па сé до петтата година, имаат сосема добра прогноза.
Во никој случај не би требало ентитетот фебрилни конвулзии, да се третира и асимилира на ентитетот епилепсија, бидеќи фебрилните грчеви се транзиторни манифестации и без последици. Вообичаено е, а би рекле и препорачливо, дефинитивниот збор и за третманот и за дијагнозата да ја има лекарот специјалист невропедијатар, при што ќе бидат потребни контролни прегледи барем еднаш во годината, со посебна превенција, како што веќе рековме, при покачена температура. Децата кои веќе имале прости фебрилни конвулзии, треба да бидат запазувани од различни инфективни епидемии, кои се придружени со високи температури.
Во други случаи, ако грчевите почнат да се јавуваат и без фебрилност, тогаш проблемот има сосем друг приод, дијагностика и терапија, така што консултацијата со невропедијатар е повеќе од неопходна.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА 
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.