Ноќни стравови (Night terrors) кај децата

teodoraНоќните стравови (Night terrors), се јавуваат кај деца. Според статистичките податоци, ова се случува кај 15% од децата. Иако најчесто се случува на возраст од 2-6 години, може да се случи во било која возраст.Се смета дека се безопасни, но се многу застрашувачки и шокантни за родителите кои честопати  преувеличуваат особено кога ќе се случи првиот ноќен страв.

Симптоми

Кога ќеслушнете некои експерти како ги објаснуваатноќните стравови, не е чудно што родителите реагираат бурно и се потиштени. Децата кои имаат ноќни стравови одеднаш стануваат од кревет со ококорени очи, врескајќи, уплашени се и во паника. Исто така многу се потат, брзо дишат и срцето абрзано им чука (ова се автоматски знаци дза препознавање на ноќниот страв). Може да изгледаат дека се будни, но по ноќниот страв  ќе изгледаа збунето, нема да им помогнат ни зборови за утеха и многу е веројатно да не ве препознаат.

Типичен ноќен страв трае од 5-30 минути после кој децата се враќаат назад на редовно спиење. Ако успеете да го разбудите детето за време на траењето на на ноќниот страв,тоа ќе биде исплашено и вознемирено повеќе од вашата реакција, особено ако се тресете и викате над него да се разбуди. Наместо да се обидувате да го разбудите детето, подобро е да бидете сигурни дека вашето дете е безбедно, да го утешите, ако може и да му помогнете да се врати да спие кога ноќниот страв ќе  заврши.

Дијагноза

Ноќниот страв подразбира дека детето се буди рано во ноќта, вреска и е неутешно. Често луѓето ги мешаат ноќните стравови со ноќни мори, но за разлика од ноќните стравови, дете кое има ноќна мора, односно кошмар може да се разбуди лесно и брзо да се утеши.

Друга грижа на родителите е дека однесувањето на детето, после ноќен страв потсетува на напад на епилепсија. Сепак,  потребно е да се знае дека епилептичните нападите се прилично кратки (од 30 секунди до неколку минути) и обично се јавуваат кај постарите деца и возрасните.

Третман

Не е потребно никакво лекување за обичните ноќни стравови. Бидејќи, генерално, се јавуваат кај деца кои се премногу уморни или ненаспани, ако се држите до реално време кога детето треба да легне (околу 20 часот) и со самото тоа доволно се одмори, нападите на ноќен страв ќе исчезнат.

Кај децата кои имаат чести ноќни стравови,  ќе помогне ако ги разбудите пред да имаат напад. Се смета дека ова може да го прекине или поремети циклусот на спиење и да ги спречи ноќните стравови како и месечарењето.

Многу ретко, но и многу кратко лекови за спиење може да се земаат ако детето има многу чести ноќни стравови.

Што треба да знаете?

– Слично како и месечарењето и бладање во сон, ноќните стравови се сметаат за нарушување на будењето од сон.

– За разлика од кошмарите, децата не се сеќаваат дека имале напад на ноќен страв.

– Исто така, за разлика од кошмарите, ноќниот страв се случува во првиот дел од ноќта, околу 4 часа по заспивањето.

– Ако детето има ноќни стравови, кажете и на дадилката или на личноста која го чувашто треба да направи ако ноќниот страв се случува кога вие не сте тука.

– Кај повеќето деца ноќните стравови исчезнуваат со тек на растењето.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.