Децата со посебни потреби – статус на родител

Факт е дека многу родители се незадоволни од третманот на децата со посебни потреби. Но многу родители собираат храброст да кажат дека и тие имаат дете со посебни потреби, да си ја отворат душата и јавно да проговорат за тешкотиите низ кои минуваат. Ви пренесуваме еден статус на родител за кој институциите навистина треба да се запрашаат.download

„Ај сега вака…….. Децата со посебни потреби се секогаш од некој друг и фала Богу не се ваши. Децата со посебни потреби земааат посебен додаток од 4300 ден.(цена на едно ноќевање во Калитеа) Децата со посебни потреби тргнуваат во прво одделение само ако попреченоста му е минимална до средна во придружба на дефектолог што родителите приватно си го плаќаат. Децата со посебни потреби примаат лекови што не се на товар на фондот за здравство….исклучок на некои 5-6 колку поради реклама. Децата со посебни потреби немаат оспособени центри за нивни понатамошен физички и ментален развој. Родителите на деца со посебни потреби приватно плаќаат дефектолог и физијатр (ами сега што да прајме судбина…….таму нека му е) Родителите на деца со посебни потреби неможат да одат на работа затоа што мораат да бидат со нивните деца. Родителите на деца со посебни потреби неможат да придонесуваат ни за семејството ни за државата Семејствата што имаат деца со посебни потреби се принудени да заминуваат во другите земји каде условите за нивниот развој се многу подобри а висината на посебниот додаток не е НАВРЕДЛИВА сума. И аман немојте ич не страметесе не го споделувајте не ризикувајте……тие се само деца на други…далеку од вас …“

Превземено од Facebook


Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА 
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.