Кога бебето ќе падне …

Како родителите треба да постапат доколку бебето падне од кревет или од маса за преповивање? Прочитајте ги советите на педијатрите …

downloadБебињата знаат  да ги изненадат родителите со нагли движења и да паднат, и ова се случува во ситуација: “Јас за миг се завртив да земам нешто.” Следува силен плач на детето, а потоа и на мајката  – што, се разбира, не е добро. Повеќето исплашени родители веднаш помислуваат на кршење на черепот и тешки повреди на мозокот. За среќа, ова многу ретко се случува. Повеќето бебиња поминуваат без сериозни последици од падот, но да појасниме …

Која е критична височина за пад бебе?

Можеме да кажеме дека не постои безбедна височина за пад, па затоа е најдобро да не дојде до тоа. Сепак, треба да се разликуваат два важни “висински” на ситуации: пад од мала висина, како што се обичните кревети каде бебето се повива (обично високи се околу 40 до 60 см од подот) и пад од поголема висина, повисоки од еден метар – тоа се оние “преповивалки” кои обично се во продолжетокна креветчето.
За среќа, паѓањата од поголеми височини се исклучително ретки, веројатно затоа што родителите се далеку повнимателни кога фо повиваат бебе на поголема височина.

Како изгледа бебе, кој само што  паднало?

Бебето веднаш силно плаче – се буни што е на подот, а првите десетина минути по падот е вознемирено и плачливо. Ова е апсолутно нормално поради што падот боли, но и се плаши од неочекуваната и непријатна промена н положбата. Дури и ако мама и тато се исплашени и заедно во хор со детето плачат и лелекаат – настанува голема, обично непотребна паника. Повеќето бебиња по десетина минути стануват живи, весели и вообичаено се однесуваат, така што не постои причина за загриженост.

Што треба родителите да направат ако бебето падне?
1. Нежно и без паника да се подигне  бебето од подот и да се прегрне така што главата да е малку навалена напред. На тој начин ќе се избегне во случај на повраќање не се аспирира ( “вшмука”)  содржината од желудникот во дишните патишта.

2. Потоа бебето треба да го завртете кон вас и внимателно да  видите дали има повреда или крварење на главата, на устата или во устата. Не треба да притискате на главата барајќи скршени коски.

3 Најмалку дваесет минути не му давајте на вашето бебе да јаде и пие. Во меѓувреме, позанимавајте се со него, правејќи се за да заборави на траумата низ која поминало.

4. Ако бебето по 20 до 30 минути да се однесува како ништо да не се случило, може да му ја дадете да јаде, но ако сака да спие, слободно нека се одмори.
Што може да се повреди  во случај на пад?

Најчесто главата, што е сосема логично, бидејќи таа е најтешкиот дел од телото. Од друга страна, бебињата паѓаат од лежечка положба, без рефлексно испружување на рацете напред, така што главата е лесно да се протегне и да удри на подот. Понекогаш, по неколку минути, може да се види џумка – но тоа е, всушност, безопасен хематом (излив на мала количина  крв под површниот дел на коската на местото на ударот). Поголемиот дел на на џумки не мора да се во чекор со тежината на падот, и на тоа не треба да се дава особена важност. Коските на главата на бебето се многу еластични, така што многу ретко се јавуваат сериозни повреди на коските. Обично страдаат челото или задниот дел од главата, а поретко бебињата паѓаат на лице, или “на страна”. Тука нема значајна разлика за појава на било каква последица.

Повреда на устата и забите?

Ако вашето бебе има заби, понекогаш може да резултира со помали повреди на јазикот или оралната слузница, па не е необично да се види малку крв во устата. Ова ги плаши мајките и татковците. Бидејќи веднаш штом ќе видат крв, ја поврзуваат со сериозни повреди. Сепак, тоа во овие ситуации речиси никогаш не се случува! По пет до десет минути, ова мало крварење запира, и не треба да паничите.

Што да правите ако се случи повраќање?

Кај бебињата, повраќањето не се случува многу често од падот. Тоа може да се очекува ако имало оброк триесетина минути пред падот, а понекогаш се случува кога ударот е навистина силен. Затоа, не постои причина за паника, ако поврати неколку пати по падот – тоа е вообичаено. Не е добро, кога бебето повраќа постојано и кога тоа е поврзано со еговото чудно однесување.

Колку време е потребно да се опорави?

Како што минува времето, бебето се враќа во нормална активност, бара да јаде и да пие, па не треба да се скратува храната. Се разбира, не треба да се јаде премногу – затоа што, како што е објаснето погоре, можно е да поврати, што е дополнителна причина за паника. Поголемиот дел од бебињата се опоравуваат брзо, обично е доволно за 30 до 60 минути. Ова е многу помалку време отколку што “трошите” за да  одите на лекар – и не треба да изненадува, кога ќе појдете на лекар, бебето да е во ред, како ништо да не се случило. Затоа, за вакви безопасни падови тоа не треба детето да се носи на лекар, бидејќи поголема траума за него е посетата на здравствена установа и прегледот, одколку самиот пад.

Кога треба итно да се јавите лекар?

Тоа е многу ретка ситуација, но треба да се знае. Тогаш мора смирено да одите во амбуланта каде има детски хирург или педијатар.

Постојано повраќање кое го исцрпува детето
Не е невообичаено за бебиња со мал потрес на мозокот се поврати еднаш или двапати. Но, ако тоа се случува во серија – бебето треба да се однесе на преглед.

Кога ќе се случи бебето да удри во нешто остро или тврдо во падот, па дојде до силно крварење
Тогаш е неопходно да се оди на лекар, но за време на транспортот мора со стерилна газа (ако нема може со чиста памучна пелена) да притиснете на местото на крварење (со тоа ќе го запрете или забавите крварењето).

Невообичаена поспаност, или наизменично вознемиреност, па поспаност – детето многу чудно се однесува
Прегледот има за цел да го испита невролошкото однесување на детето, и лекарот има задача да исклучи или да се сомнева на најтешка компликација на тешка паѓања на глава – крварење во мозокот или од артеријата во внатрешноста на коските. Ова крварење е навистина опасно за бебето, но тоа се многу ретко. Почесто се јавувакај доенчиња, иако бројот на вакви случаи е многу мал, бидејќи бебињата ретко случајно паѓаат, со оглед на тоа дека тие се уште се доволно способни. Затоа, родителите не треба да се плашат предвреме.

И, за крај, јасно е дека повеќето помали падови на децата не се опасни. Но, тоа не значи дека децата, особено бебињата, треба да го оставиме сами да се превртуваат во кревет. По проодувањето, следи период на неминовни  паѓања – кои се дел од детството, но децата треба пред тоа да ги заштитиме од непотребни повреди, до степен во кој е тоа возможно. Нема дете кое не паднало, но треба да сториме сé, за тоа пореткода се случува.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.