Здрави намирници кои не се препорачуваат за деца

asКлучот за здравјето е балансираната исхрана. Но, понекогаш здравите намирници можат да предизвикаат ипроблеми кај децата бидејќи нивниот организам не може да преработи одредени состојки, а имунитетот им е премногу слаб за да се изборат со некои навидум безопасни нешта… Еве дел од тие намирници кои иако се здрави, можат да му наштетат на детскиот нежен организам.

Мед

asДецата до две годишна возраст не смеат да јадат мед бидејќи истиот може да го содржи токсинот Clostridium botulinum, кој предизвикува труење познато како ботулизам. Имунитетот на возрасните е способен да се бори против овај токсин, но не и оној на децата, па токму затоа и најдобро е целосно да го избегнувате во раните години на вашите најмали.

Непастеризирано млеко

Image result for unpasteurized milkКравјото млеко содржи млечни протеини кои децата до првата година не можат да ги обработат, па токму затоа и не се препорачува воведување на ова млеко во нивната исхрана пред првиот роденден. Исто така, во овој период избегнувајте и домашно млеко кое не поминало низ процесот на пастеризација. Домашното млеко има богат вкус и некои луѓе веруваат дека е подобро од индустриското, но може да содржи бактерии кои можат да предизвикаат дигестивни проблеми кај децата.

Некои видови риби

Image result for cooked whole fishРибата е одличен извор на омега 3 масни киселини и протеини, па токму затоа се препорачува нејзина консумација од најраната возраст. Но, некои видови риби, како туна, сабјарка и скуша можат да содржат значајни траги од жива кои ќе му наштетат на нервниот систем на детето, па затоа и треба да ги тргнете од неговото мени.

Цитрусно овошје

asЛимон, лимета, грејпфрут и портокал се дел од најздравите плодови за човекот кои се карактеризираат со огромни количини витамин Ц. Но, овие плодови исто така ги одбележува и висока киселост која може да го надразни чувствителниот желудник на детето и да предизвика нафрлање на кожата. Токму затоа се препорачува да се избегнува овој вид храна до првата година.

Храна која „надувува“

asБрокулата и гравот се дел од намирниците со висок процент хранливи влакна кои го подобруваат варењето на храната, но исто така и предизвикуваат силни гасови. Возрасните лесно ги поднесуваат гасовите, но кај децата тие можат да предизвикаат силни болки во пределот на стомакот, па токму затоа и подобро е да почекате со воведувањето на оваа храна кај најмалите.

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.