Имате ладни нозе и раце – проверете зошто

Стегнати крвни садови, недостаток на хранливи материи и студот се едни од најчестите причини за лоша циркулација на крвта во прстите. Балансираната исхрана богата со овошје и зеленчук, физичка активност и други форми за загревање на телото можат да помогнат.

1
Прстите на рацете и нозете често ви се ладни? Основна причина е намалениот проток на крв во рацете и нозете. Причините се различни, но најчести се нездравиот начин на живот, изложеност на студ и несоодветна исхрана.
Важно е да се постави точна дијагноза од вашиот лекар, но и вие размислете на можните причинители:

Стареење

Со тек на годините, крвните садови можат да станат покрути и стегнати. Тоа смета на правилната циркулација, особено на екстремитетите. И ова е всушност главна причина зошто многу постри луѓе имаат ладни раце и нозе.

Хипотироидизам

Не е невообичаено да имате студени раце, ако имате проблем со тироидната жлезда. Таа е еден вид на термостат на телото. Кога е помалку активна, многу телесни функции се забавуваат, по што се појавуваат симптоми како замор, дебелеење и секогаш присутното чувство на студенило.

Оваа состојба е вообичаена за луѓето постари од 50 години.

Raynaud пореметување

Ова е состојба во која крвните жили во прстите на рацете (понекогаш и нозете, ушите, носот) се стеснуваат како последица на ниски температури или емоционален стрес. Така, во овој случај прстите се бели, па дури и модри, затоа што им недостасува крв.

Во повеќето случаи не се знае зошто настанува Raynaud пореметувањето, но можете да го препознаете по често студените, потечени прсти кои привремено болат и трнат.

Добра вест е што оваа состојба е само непријатна, но не и штетна.

Несоодветна исхрана

Исхраната со недоволно витамини, минерали и масни киселини може да предизвика долгорочно оштетување на артериите, вените и капиларите. А оштетени крвни садови не можат нормално да ја вршат својата функција, особено во рацете и нозете.

Посебни услови и болести

Бременост, дијабетис, висок крвен притисок, висок холестерол… исто така можат да сметаат на циркулацијата на крвта и да предизвикаат студ во вашите раце и нозе.

Автоимуна болест

Автоимуната болест е пореметување каде имунолошкиот систем го напаѓа сопственото ткиво, заради несоодветен имун одговор на телото против одредени супстанци во него. Звучи сериозно и страшно, па ако забележите симптоми како кај Raynaud пореметувањето, задолжително направете испитувања.

Кога ќе се дијагностицира причината, може да се одржи под контрола без последици по здравјето.

Проблеми со циркулација

Повеќето луѓе мислат дека ова е главната и единствена причина за ладни раце. Слабата циркулација се јавува кога протокот на крвта е намален заради слабото пумпање на срцето.

Кога крвта не кружи низ телото како што би требало, сосема е нормално да почувствувате студенило во рацете и нозете, а потеченоста и трнењето исто така е чест симптом затоа што рацете и стапалата се најдалеку од срцето.

Анемија

Анемијата се јавува кога телото нема доволно црвени крвни зрнца или хемоглобинот во крвта е низок. Како резултат на тоа, организмот не е доволно снабден со кислород, што може да предизвика ладни раце.

Анемијата може да се јави заради недостаток на железо во исхраната, нагло губење на крв (менструација кај жените), чир, некои видови карцином…

Во овој случај покрај ладните раце ќе чувствувате и замор, главоболка, вртоглавица, краток здив и ќе забележите дека кожата ви е побледа од вообичаено.

Недостаток на  Б12 витамин

Витаминот Б12 кој го има во црвеното месо, месните преработки, јајцата, млекото и млечните производи е важен за создавање на црвени крвни зрнца. Недостатокот на витаминот води до нивно намалување.

Овој витамин обично им недостасува на вегетаријанците и веганите, но и на луѓето по 50-та година.

Едноставниот тест на крв може да ви открие дали ви недостасува Б12 витамин и дали заради тоа имате постојано студени раце.

Низок крвен притисок

Нискиот крвен притисок се јавува заради дехидратација, губење на крв, користење на одредени лекови или ендокрини нарушувања. Кога крвниот притисок е низок, крвните жили ќе ја насочат крвта од екстремитетите во виталните органи, оставајќи ги прстите студени.

Ако имате низок притисок проследен со заматен вид, замор, мачнина, слабост и збунетост, задолжително обратете се кај матичниот лекар.

Стрес

Стресот може да предизвика многу пореметувања во телото, па ладните раце не се исклучок. Кога сте под хроничен стрес, се лачи адреналин кој ги стега крвните жили во екстремитетите, што доведува до смрзнати раце и нозе.

Лекови

Постојат многу лекови кои ги стегаат крвните жили, особено артериите, а кога тоа ќе се случи, резултат е Raynaud пореметување.

Пушење

Ако немате доволно добри причини да престанете да пушите, еве ви уште една на листата. Никотинот од цигарите предизвикува повторно стегање и стеснување на крвните жили.

Што да превземете да го поправите проблемот?

  1. Како прво и основно променете го лошиот начин на живот. Јадете повеќе здрава храна и вежбајте умерено но редовно. Ќе почуствувате значителна промена.
  2.  Ако сте изложени на студ направете сѐ за да ја одржите вашата телесна температура. Носите ракавици и волнена облека. Бидете физички активни, тоа ќе ја одржи топлината.
  3. За побрзо стоплување јадете свеж ѓумбир.
  4. Откажете се од пушењето или престојот во зачадена просторија.

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.