Во огранизација на Здружението ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА и Здружението АВАНГАРДА вчера во 21 часот се одржа хуманитарниот настан БЕЛА НОЌ Кривогаштани 2016. Ни временската прогноза не успеја да влијае за по втор пат и оваа година во Кривогаштани да се одржи хуманитарниот настан БЕЛА НОЌ Кривогаштани 2016. Живееме во едно такво време со динамично темпо, каде има се повеќе луѓе но ретко кој е човек. Време каде сме преокупирани со политика, турбофолк и турски серии. Време каде сме под закана да ги изгубиме вистинските вредности, и забораваме дека постојат луѓе на кои им е потребна помош. Со овај настан се потрудивме барем за момент да го промениме тоа.
Водени од желбата на младите луѓе да им приредиме една супер забава, а притоа да ја пробудиме хуманоста во нив, дојдовме на идеа да ја направиме БЕЛАТА НОЌ , која оваа година по втор пат ја приредуваме во Кривогаштани.
За забавата се погрижија DJ Mario Eddie, DJ Estephano, The Marshall и DJ Jovan, а настанот беше помогнат од локалните угостителски објекти: KAFE CAO, CITY CAFFE и DEL MONTE без чија што поддршка БЕЛАТА НОЌ немаше да биде тоа беше.
Особено задоволство претставуваше на едно место да се видат младите од Кривогаштани, но имаше гости и од околните места и градови, што придонесе вај настан да биде успешен.
Ова се дел од фотографиите од настанот:
Останатите фотографии можете да ги погледнете ОВДЕ