ВАЛЕРИЈАНА

download

Валеријаната е долговечно, зелјесто, право разгрането растение со непарно перасти листови. Висока е од 0,5-2 m. Цвета на крајот на пролета и во почетокот на летото. Приземните листови имаат дршка, а горните се седнати. Плодот е голем до 5 mm. Ова растение е распространето секаде, а најмногу на влажни места, покрај реки, потоци, ливади, ридови и планински предели во Европа и Азија до Јапонија. За подготовка на лек од валеријана се собира коренот, и тоа во есен. Чајот од коренот на валеријаната се употребува кај сите нервни заболувања. Одлични резултати се постигнуваат при епилепсија, хистерија, хипохондрија, грчеви околу срцето (при астма), болки во желудникот, цревата и др. Се препорачува за лекување на нервни главоболки, мигрена, вртоглавица и повраќање.

Се употребува на три начини: при општа вознемиреност, нервоза и несоница, кои се јавуваат како последица од нервози, особено за време на нервни срцеви тешкотии проследени со силно чукање на срцето. Воопшто, при појава на пречки во варењето на храната поради нервози, односно при недоволно лачење на секрети при нервоза предизвикана од грчевити состојби на мачнина, при нервозни повраќања и грчевити напади поради собирање гасови – чајот од валеријана е многу добар природен лек. Освен тоа, овој чај воопшто не е штетен, а тој е испробано средство и за одвикнување од употребата на алкохол и никотини. Чајот од валеријана не смее да се употребува повеќе од 3 недели, а потоа е потребно да се направи пауза од 5 недели. Валеријаната го намалува притисокот и успива, па затоа во случај на низок крвен притисок, подобро е да се употребува чај од глог наместо чај од валеријана.

Чај од смеса за нерви: потребно е 30 g валеријана, 30 g листови од нане, 40 g листови од горчлива детелина. Една голема лажица од оваа мешавина да се прелие со 2,5 dl зовриена вода, потоа да се остави да стои во затворен сад околу половина час и да се исцеди. Чајот се пие топол, три пати на ден по една мала чаша 100 ml по јадење.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.