Анасон

2842172_origАнасонот е зелјестоле­ко­ви­то, аро­ма­тич­но, за­чин­ско растение високо 20-60 cm. Коренот му е тенок, стеблото влакнесто, а листовите триаголни. Долните листови се на долги и тенки гранчиња. Листовите имаат тркалезна лиска и се крупно запчести. Цветовите се ситни, бели и здружени. Анасонот двапати се зарежува, а третиот пат целата билка се сече. Плодовите треба да се сушат како житото на таванот, често да се превртуваат и да се чистат од земја. Ова растение се бере во лето. Плодот е крушовиден. Над подлогата е до 3 mm широк. Плодот е долг  4-5 mm, рапав, со сиво-зеленикава боја. Плодот е составен од два плодника, кои обично се споени и секој има по 5 ребра, тие се нежни и бледи. Се­ме­то од ова рас­те­ние со­др­жи од 2 до 7 от­сто ете­рич­ни мас­ла, око­лу 18 от­сто обич­но мас­ло, око­лу 20 от­сто про­те­и­ни и око­лу 5 от­сто ше­ќер. Анасонот се употребува за стимулирање на жолчката и плунката. Многу се употребува во ветерината за држење на перисталтички движења. Анасоновото масло дејствува врз централниот нервен систем. Петнаесет капки од ова масло се еднакви на 12 часа сон. Мали дози од ова етеричното масло ја олеснува респирацијата, ја активира циркулацијата на крвта, го јакне срцето, а ако се претера со дозата, може да дојде до губење на рамнотежата.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.