МАТОЧИНА

2842172_origMаточината е повеќегодишно зелјесто растение, високо од 30 до 120 cm. Стеблото е исправено и се издигнува. Листовите се распоредени паралелно, со дршки, јајцевидни, на рабовите назабени, малку влакнести. Целата билка, а особено кога ќе се изгмечи листот, дава интензивен, мошне пријатен мирис што потсетува на лимон, па позната е и како лимон-трева. Цветовите се бели, бледорозови или жолтеникаво бели, сместени во пазувите на листовите. Маточината е една од ретките билки, која истовремено е лековита, миризлива, украсна, зачинска, медоносна и индустриска. Расте во пчеларниците, дворовите, покрај населбите, покрај оградите во шумите итн. Се одгледува и како култивирана, лековита и ароматична билка, а во парковите и како украсно растение. Цвета од јуни до септември, а се размножува со семе, но подобар успех се постигнува со разделување на грмушките и расадување (вегетативно).

Мошне лесно се одгледува. Од маточината, најмногу се цени листот, затоа што во другите органи има малку лековити состојки, освен во цветот, но цветовите се малобројни, така што тие и немаат некоја практична примена. Најважна лековита состојка на маточината е лесно испарливото и миризливо етерично масло. Маточината е благ, добар и мошне пријатен лек против надување во органите за варење, против невралгија, хистерија, неврастенија, гадење, повраќање и пролив, за закрепнување на организмот. Самиот лист на маточината, а уште повеќе ако е измешан со горчливи треви на изнемоштените им го подобрува апетитот, а се користи и како додаток во купките против невралгија и ревматизам. Маточината помага кај срцевите заболувања, кај нервите и емотивните нарушувања и против меланхолија. Исто така, оваа билка се применува против болестите на дишните органи. Маточината е ефикасно средство против убод од пчели и оси. Чајот од маточина се употребува надворешно за плакнење на устата при воспаление на непцата. Смирува и ги отстранува кошмарите во сонот. Етеричното масло од маточина има мошне пријатен мирис, се употребува не само во фармацијата, туку и во индустријата за парфеми и козметика.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.