Виолетовиот домат, оружје за многу болести

Татковината на овој вид домати се Галапагоските острови. Одгледувањето започнало со цел да се добие поголем удел на антиоксидансот антоцијанин во доматот. Токму тој е одговорен за виолетовата боја на овошјето и зеленчукот, особено кај боровинките.  Оваа неверојатна боја е последица на антиоксодативните пигменти кои штитат од разни болести, вклучувајќи го ракот, срцевите заболувања и дијабетесот
Научниците откриле дека глувците кои се склони на рак живеат подолго доколку се хранат со овој генетски модифициран домат. Истражувачите се надеваат дека ќе можат истиот тест да го спроведат кај луѓето кои страдаат од рак на простата.
„Возбудливо е да се видат нови техники кои можат да ја направат здравата храна уште поздрава“, вели Лора Бенет од британскиот центар за борба против ракот.

Овај домат изгледа како мелез од портокал и познатиот британски црн пудинг, а всушност е само генетски модифициран виолетов „супер домат“ односно е резултат е на исклучиво напорни традиционални методи на одгледување, и  веројатно ќе биде новото оружје во борбата против ракот и некои други заболувања и нарушувања.

Научниците 6 години го подобрувале кавалитетот на доматот кој е сличен на обичниот домат со таа разлика што има подебела кора со виолетова боја, има вкус и мирис на нормален црвен домат, поседува уште два дополнителни гена, кои се наоѓаат во цвеќето „змејова уста“ кои ја даваат темната боја на плодот.

49780717_1_585x461_ime-s-darveni-bukvi-podarak-za-rozhden-densvatbayubiley-gr-banskoБогат е со витамините С и А, со калиум, магнезиум, но исто така е и нискокалоричен, а не содржи холестерол, ниту пак масти. Богат е со ликопен, каротеноиди (овие се антиоксиданти) и се верува дека го намалува ризикот од карценогени заболувања., Виолетовиот домат е многу сочен зеленчук и е пригоден е за салати, сосови, супи и др. Вкусот му е посладок во споредба со црвениот домат, заради поголемата содржина на фруктоза.

Според британските научници и експертите од Универзитетот од Орегон, овој домат делува позитивно на когнитивните функции, делува противвоспалително и го намалува антиоксидантниот стрес.

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.