Семето на конопот, полно со здравје

DSCN2133Конопот е ситен зрнест плод од растението Канабис Сатива, обвиткан со тврда лушпа слично како и сончогледот. Ова е истото она растение кое што содржи цврсти трајни влакна од кои се произведува хартија, облека, јажиња, материјали за градежништвото, и уште многу други производи. Ова растение успева во најразлични климатски услови, и расте и се проширува изненадувачки брзо. Иако конопот поттекнува од фамилијата на Канабисот, сепак е плод на посебен вид на растение кое содржи толкави траги од активната наркотична состојка на марихуаната, колку што и семето од афион содржи опиум (со други зборови, скоро воопшто).

Нутритивните вредности на коноповото семе се посебно импресивни:

  • 30-35% масти (од кои само 8% заситени масти)
  • 20-25% влакна
  • 20-25% протеини
  • витамини и минерали

Ако ги разгледаме овие нутритивни вредности подетално, лесно ќе ги утврдиме и неговите придобивки:

  • Содржи одличен сооднос од 3:1 на Омега 6 и Омега 3 масни киселини, кои се важни за развивање на мозокот и нервите, како и за кардиоваскуларното здравје и општото зајакнување на имунитетот, и воедно претставува најбогатиот познат природен извор на полинезаситени масни киселини.
  • Се состои од 25% јаглехидрати, од кои речиси сите се во форма на растворливи и нерастворливи влакна. Влакната се во сооднос од 4:1 на нерастворливи и растворливи.Нерастворливите влакна се одговорни за придвижување на непотребните материи низ дигестивниот систем и одржување на редовното празнење на дебелото црево. Растворливите влакна се одговорни за забавување на апсорпцијата на шеќери и зголемување наизлачувањето на жолчни киселини.
  • Составено е од едноставни комплетни протеини кои се лесно сварливи, поради што не предизвикува подуеност и гасови, а воедно го јакне имунитетот и не брани од токсините. Ова значи дека ги содржи сите 20 амино киселини, вклучувајќи ги и сите 9 есенцијални амино киселини кои нашето тело не може да ги произведе, и кои мора да ги внесуваме преку храната бидејќи се неопходни за нашиот опстанок. Освен тоа, тие се ефикасни и за регулирање на гладот и градење и одржување на мускулната маса. Ова го прави коноповото семе најголемиот природен растителен извор на есенцијални масни киселини, со повеќе есенцијални масни киселини од ленот или било кои други јатки или семки.
  • Богат извор на фитонутриенти т.е компоненти на растенијата кои придонесуваат за заштита на имунитетот, крвотокот, ткивата, клетките, кожата, и органите.
  • Содржи значителна засатапеност на витамин Е, витамин Б1, и витамин Б2, како и низа минерали како што се фосфор, калциум, магнезиум, железо, калиум, цинк и бакар.

Коноповото семе содржи особено корисен тип на Омега 6 масти, наречен ГЛК (гама линоленска киселина). ГЛК има анти-воспалителна функција, но за жал вообичаено не се наоѓа во храната. Коноповото семе е најверојатно единствената храна која што е извор на оваа масна киселина, што го прави конопот уште помоќен бидејќи ГЛК е многу важна за постигнување оптимално здравје, за функционирање на хормоните, нервите, мускулите и крвниот притисок. Освен тоа таа:

  • Го поддржува здравиот метаболизам и го олеснува согорувањето на мастите
  • Може да помогне да се намалат непријатните хормонски предменструални симптоми
  • Поддржува здрава коса, нокти и кожа
  • Ја намалува тенденцијата на воспаленијата воопшто, и е корисна кај луѓе кои имаат проблеми со астма,  фибромијалгија, артритис, итн.
  • Претставува докажан лек против псоријаза

Како дел од секојдневната исхрана, коноповото семе е исто така поврзано со намален ризик оддијабетис, намалување на нивото на лошиот холестерол, како и помош при лекување на болести предизвикани од имунолошки дефицит.

Коноповото семе во исхраната се користи како додаток во салати (слично како и лененото семе, сончогледот и семките од тиква), изблендирано во кашести сокови, сомелено или како цели зрна додадени во колачи, торти и гранола плочки.

Со пресување на коноповото семе и преку процес на екстракција со добива високо нутритивно конопово масло, додека пак со мелење на семето се добива протеински прашак од коноп.

Коноповото масло може да се користи во салати или други неготвени јадења, или пак да се зема со лажица, но не смее да се користи за готвење бидејќи има многу ниска точка на загревање.  Нерафинираното конопово масло е зелено по боја, додека рафинираното е проѕирно. Рафинираното масло најчесто се користи во козметичките производи, и како масло за масирање и мачкање на телото, бидејќи лесно се апсорбира во кожата и помага кај сува и распукана кожа, како и кај егзема.

Протеинскиот прашак од коноп е најчесто употребуван кај луѓе кои се хранат со вегетаријанска, веганска или сурова храна, како додаток во кашести сокови и шејкови, со цел зголемување на количината на протеини во истите. Исто така е многу популарен кај спортистите, како природен растителен извор на протеини, потребен за иградба и одржување на мускулната маса.

ИЗВОР


Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.