Храна за здрав мозок

Brain-foodПодобра меморија, резултати на испитите и подобро расположение не е нешто недостижно ако вашата чинија е полна со храна, како што се јагоди, јајца или чоколадо кои го хранат мозокот. Дозволете природните споеви на вкусната храна да го хранат вашиот мозок, да го штитат вашто тело од слободните радикали и пестициди, да го подобрат функционирањето на невротрансмитерите и да ја отстранат депресијата. Важно е да се знае дека некои видови храна треба да ги купите во продавница за органска храна за да се спречите влез на пестициди во организмот. Едно истражување покажа дека многу пестициди се невротоксични и влијаат врз намалување на коефициентот на интелигенција кај децата.

Бобинки

Бобинките се одлични за мозокот поради неколку причини. Малините и боровинките содржат антоцијани соединенија кои ги штитат невроните на мозокот кои се одговорни за меморијата. Јагодите содржат фисетин кој пак има долгорочно позитивно влијание врз меморијата. Британските научници откриле дека една чаша боровинки дневно може значително да ja подобри меморијата, и тоа за само неколку месеци.

Јаболка

Ова овошје е одличен извор на катехин, супстанца која го штити мозокот од хемикалии кои секојдневно ги внесуваме во оргнизмот преку јадење на разновидна храна. Сепак, најдобро би било ако се јадат органски јаболка, бидејќи катехинот се најоѓа во кората на јаболкто, делот што е најмногу изложен на пестициди во хемиското земјоделство.

Темно чоколадо

Соединенијата на флавонолот, кои ќе ги најдете во темното чоколадо, ќе ги зајакнат крвните садови и ќе се подобри протокот на крв во мозокот. Едно истражување покажа дека флавонолот ги подобрува математичките вештини, го намалува заморот и менталната исцрпеност.

Семки од тиква

Семките од тиква се мали, но се одличен извор на триптофан – клучна компонента за одржување на здрав мозок. Мозокот, триптофанот го користи за производство на серотонин, што го поттикнува доброто расположение и здравјето на мозокот.

Лути пиперки

Капсаицинот во голема мера може да се најде во лутите пиперки. Тој е природен борец против масти во телото и ја зголемува отпорноста на организмот на болка. Капсаицинот го стимулира лачењето на ендорфин, кој го ублажува стресот и ни помага да се концентрираме.

Прокељ

Научниците докажале дека составот на прокељот помага во зајакнување на имунолошкиот систем и ги штитимозочните клетки. Антиоксидантните својства на прокељот го намалуваат нивото на слободни радикали, кои се одговорни за различни болести и заболувања.

Кељ

Кељот, брокулата, зелката, карфиолот,  помагаат да се спречи предвременото стареење на мозокот и мозочните клетки. Едно истражување покажа дека консумирање на овај зеленчук може да го подмлади  мозокот за 1 до 2 години.

Цвекло

Таа е одличен извор на Б витамини кои помагаат во преработката и складирањето на информациите. Свежо цвекло има и антидепресивни својства. Таа е богат извор на фолна киселина, која го штити здравјето на срцето и циркулаторниот систем. Не јадете конзервирано цвекло, бидејќи  содржи високо ниво на хемикалии кои ја нарушуваат хормоналната рамнотежа во телото.

Сардина

Вашиот мозок има потреба од омега 3 масни киселини, бидејќи го штитат од предвремено стареење, губење на помнењето, депресија и лошо расположение. Сардината има 10 пати повеќе омега-3 масни киселини од туната и значително помалку штетни морски загадувачи, како што е живата. Оваа мала риба ќе ги зајакне и вашите коски, бидејќи содржи витамин Д и калциум.

Јајца

Како сардината, така и јајцата содржат омега 3 масни киселини кои го штитат мозокот. Сепак, сите јајцасе здрави. Најдобро е да се консумираат јајца со докажан квалитет, бидеќи тие може да содржат до 2 пати повеќе омега-3 масни киселини, па дури и 3 пати повеќе витамин Е, за кои научниците сметаат дека да се борат против депресијата и Алцхајмероваата болест. Жолчката содржи голема количина на холин, соединение кое го подобрува здравјето и ефикасноста нанеуритрансмитерите.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.