Видови на млеко и неговите здравствени придобивки

milk_Easy-Resize.comВашиот организам не може да го вари и преработи млекото? За среќа, постојат различни видови на млеко: соино, оризво, бадемово, кокосово и многу други. Сепак, тешко е да се одреди типот на млеко, кој најдобро ќе ви одговара.

Статистичките податоци покажуваат дека децата пијат значително поголеми количини на млеко. Колку сме повозрасни, толку помалку го пиеме, а повеќе ни треба за изградба и одржување на коскената маса. Млеко содржи протеини, калциум, калиум, витамини А и Д.

Кравјото млеко е најзастапено, најдостапно, и луѓето се навикнати на него. Ако сте нетолерантни на лактоза, кравјо млеко нема да ви одговара. За среќа, постојат различни видови на млеко и сигурно ќе најдете некое кое ви одговара.

Кравјо млеко

Една чаша кравјо млеко ќе ги задоволи 30% од дневните потреби на калциум. Тоа е исто така одличен извор на протеини.

Кравјото млеко е богато со витамин Д, кој му е потребен на телото за да го апсорбира калциумот, со што се намалува ризикот од болести на коскениот систем. Млекото исто така, содржи калиум и фосфор, кој помага во изградбата на коските и забите.

Изберете обезмастено млеко што има двојно повеќе калории од полномасното млеко и малку повеќе калциум.

Оние 1% или 2% кои ги гледате на амбалажата на млекото се однесуваат на процентот на масти. Колку масти во тој случај добивате во една чаша?

  • Обезмастено млеко – помалку од 0,5 g  масти во чаша
  • 1% млеко – околу 2g  масти во чаша
  • 2% млеко – околу 5 g на масти во чаша
  • Полномасно млеко – 8 g масти во чаша

Некои луѓе од кравјо млеко добиваат надуеност и гасови. Тоа е затоа што  немаат лактаза – ензим кој помага во варењето на лактозата.

Ако сте нетолерантни на лактоза, тоа не значи дека треба да се откажете од кравјото млеко. Млекото кое не содржи лактоза и има зголемено ниво на лактаза и полесно се вари.

Но, ако сте алергични на млеко, овој метод нема да ви помогне.

Нутритивни вредости

1 чаша полномасно кравјо млеко содржи:

  • 147 калории
  • вкупно масти 8.1g
  • холестерол 24mg
  • јаглени хидрати 19.9g
  • протеини 7.9g
  • калциум 276,1 mg (30% од препорачаната дневна вредност)
  • 349mg калиум (10% од препорачаната дневна вредност)

Нутритивен бонус

  • Витамин А – 6% од препорачаната дневна вредност
  • Витаминот Ц – 4% од препорачаната дневна вредност
  • Витамин Д – 25% од препорачаната дневна вредност
  • Витамин Б1 – 3% од препорачаната дневна вредност
  • Витамин Б2 – 12% од препорачаната дневна вредност
  • Витамин Б12 – 18% од препорачаната дневна вредност
  • Магнезиум – 3% од препорачаната дневна вредност

Козјо млеко

Козјото млеко поретко се консумира, почесто конзумира козјото сирење. Тоа има малку сладок вкус, но мирисот, не им се допаѓа на некои луѓе.

Тоа содржи повеќе калциум отколку кравјото млеко и повеќе триптофан – есенцијална масна киселина која му помага на телото во разградувањето на протеините.

Сепак, бидете внимателни ако се нетолерантни на лактоза, поради што козјото млеко содржи повисоко ниво на лактоза од кравјо млеко. Тоа исто така содржи повисоко ниво на заситени масни киселини.

Нутритивни вредности

1 чаша полномасно козјо млеко содржи:

  • 169 калории
  • вкупните масти 10g
  • холестерол 27mg
  • јаглехидрати 11g
  • шеќери 11g
  • протеини 9g
  • Калциум 327.4mg (32,7% од препорачаната дневна вредност)
  • Калиум 498.4mg (14% од препорачаната дневна вредност)

Нутритивен бонус

  • Витамин А – 9% од препорачаната вредност
  • Витамин Ц – 5% од препорачаната дневна вредност

Соино млеко

Претставува популарна алтернатива за кравјо млеко. Се прави од парчиња соја,  се меша со вода и се миксира додека се добие бела смеса. Се среќава со различни вкусови (ванила, чоколадо), оди добро со кафе но вкусно и само млекото.

Соиното млеко е богат извор на протеини и содржи заситени масни киселини. Исто така, консумирањето на соја може да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Соните протеини може да ја спречат апсорпцијата на минерали, особено на железо. Не е особено богато со калциум, па изберете соино млеко обогатено со калциум и витамин Д. Многу е важно пред употреба се протресае млекото од соја, бидејќи хранливите материи може да паднат на дното на амбалажата.

Нутритивни вредности

1 чаша млеко од соја содржи:

  • 100 калории
  • вкупно масти 4g
  • јаглехидрати 8g
  • диетални влакна 1g
  • шеќери 6g
  • протеини 7g
  • калциум 300 mg (25% од препорачаната дневна вредност)
  • калиум 498 mg (14% од препорачаната дневна вредност)

Нутритивен бонус

  • Витамин А – 10% од препорачаната дневна вредност
  • Калциум – 25% од препорачаната дневна вредност
  • Железо – 1% од препорачаната дневна вредност
  • Витамин Д – 7% од препорачаната дневна вредност
  • Витамин Б2 – 20% од препорачаната дневна вредност
  • Магнезиум – 9% од препорачаната дневна вредност

Бадемово млеко

Се прави со потопување бадеми, кој потоа се мешаат, по што добиеното млеко се процедува. Често доаѓа со вкус на чоколадо и ванила. Тоа е одличен избор за луѓе кои се алергични на кравјо, соино или оризово млеко. Ова млеко оди добро со пијалаци, кафе и колачи.

Бадемовото млеко е одличен извор на калциум, не содржи многу калории и заситени масти. Природен извор е на витамин Е, растворлив витамин кој има антиоксидантни својства.

Бадемовото млеко не е особено богато со протеини и Б витамини. Исто така, не пијајте го, ако сте алергични на ореви или јаткасти плодови.

Нутритивни вредности

1 чаша бадемово млеко содржи:

  • 60 калории
  • вкупните масти 2.5g
  • јаглехидрати 8g
  • диетални влакна 1g
  • протеини 1g
  • Калциум 180 mg (20% од препорачаната дневна вредност)

Нутритивен  бонус

  • Витамин А – 20% од препорачаната дневна вредност
  • Железо – 2% од препорачаната дневна вредност
  • Витамин Д – 25% од препорачаната дневна вредност
  • Витамин Е – 50% од препорачаната дневна вредност
  • Магнезиум – 4% од препорачаната дневна вредност

Оризово млеко

Често доаѓа збогатено со екстракт од ванила. Тоа е добро за намалување на тежината. Не содржи заситени масни киселини, а содржи 1 до 2 g  незаситени масни киселини по чаша.

Оризовото млеко не е богата со протеини, како кравјото. Во една чаша има само 1 гр протеини. Исто така, самиот ориз содржи многу јаглехидрати па и оризово млеко ќе содржи два пати повеќе јаглехидрати од кравјото млеко.

Нутритивни вредности

1 чаша оризово млеко содржи:

  • 120 калории
  • вкупните масти 2g
  • холестерол 0mg
  • јаглени хидрати 24.8g
  • протеини 0.4g

Нутритивен бонус

  • Витамин Ц – 2% од препорачаната дневна вредност
  • Железо – 1% од препорачаната дневна вредност

Млеко од канабис

Ова млеко може да биде едно од најздравите алтернативни верзии на кравјо млеко. Легално е и направено е од семе на коноп, кои не содржат THC (тетрахидроканабинол), психоактивна состојка на канабисот.

Млекото од канабис е здраво, има високо ниво на калциум и фосфор, дури повеќе од кравјото млеко. Тоа е исто така богато со протеини, заситени масни киселини, кои се одлични за вашиот дигестивен систем.

Ова млеко содржи алфа-линоленска киселина, која спаѓа во групата на омега 3 масни киселини која може да се најде во лененото семе.

Сепак, млекото од канабис има поинтензивен вкус од соиното и оризовото млеко, така што можеби нема да ви се допадне.

Нутритивни вредности

1 чаша млеко од канабс содржи:

  • 110 калории
  • вкупни масти 7g
  • јаглехидрати 7g
  • диетални влакна 1g
  • протеини 5g
  • калциум 20 mg (2% од препорачаната дневна вредност)

Нутритивен бонус

  • Железо – 20% од препорачаната дневна вредност

Млеко од овес

Тoа има благ вкус. Одлично е поради тоа што не содржи заситени масни киселини. Сепак, тоа содржи високо ниво на јаглехидрати, повеќе од кравјо млеко. Содржи половина помалку од протеините во безмасно кравјо млеко.

Млеко од овес содржи малку калории, а е одличен избор за луѓе кои сакаат да ја намалат тежината. Вкусот можно е да не ви се допадне.

Нутритивни вредности

1 чаша млеко од овес содржи:

  • 130 калории
  • вкупни масти 2.5g
  • холестерол 0mg
  • јаглехидрати 24g
  • диетални влакна 2g
  • шеќери 19g
  • протеини 4g

Кокосово млеко

Месото и сокот од кокос на млекоти му даваат кремаст и богат вкус. Можете да го јадете со житни снегулки или од него да правите пијалаци. Сепак, на некои луѓе не имсе допаѓа интензивниот и сладок вкус на кокосовото млеко.

Кокосовото млеко е калорично, не содржи многу калциум и протеини. Ако планирате да консумирате кокосово млеко, изберете варијанта со намалени масти.

Нутритивни вредности

1 чаша кокосово млеко содржи:

  • 467 калории
  • вкупнио масти 50.5g
  • холестерол 0mg
  • јаглени хидрати 6.6g
  • протеини 4.8g
  • калциум 42.7mg (4% од препорачаната дневна вредност)
  • калиум 521.4mg (14% од препорачаната дневна вредност)

Нутритивен бонус

  • Витаминот Ц – 4% од препорачаната дневна вредност
  • Витамин Б1 – 3% од препорачаната дневна вредност
  • Витамин Б3 – 7% од препорачаната дневна вредност
  • Фолна киселина – 8% од препорачаната дневна вредност
  • Магнезиум – 26% од препорачаната дневна вредност
  • Фосфор – 22% од препорачаната дневна вредност
  • Цинк – 8% од препорачаната дневна вредност
  • Бакар – 25% од препорачаната дневна вредност
  • Манган – 87% од препорачаната дневна вредност


Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.