Кафето поважно од дете со посебни потреби?!

88389Живеам во внатрешноста на Македонија, и згрозен сум од здравствените услуги во нашиот град. Бидеќи е мало место, го испраќам ова анонимно писмо, кое се надевам ќе биде објавено. Не значи тоа дека го напаѓам цел здравствен систем, постојат лекари кои навистина најодговорно и професионално си ја вршат својата работа, но факт е дека има многу пропусти, за кои се премолчува. Мојата сторија е следна:

Беше Недела 22 часот, моето дете кое има церебрална парализа и епилепсија доби епилептичен напад. Му дадовме чепче диезепам и чекавме да се смири нападот но за жал не се смири, па во по еден час се упативме во општата болница. Таму не пречекаја сестрите кои веднаш дотрчаа за да помогнат. Но тогаш се појави и докторката, која беше на смена, веројатно сме ја разбудиле. Беше ладна како камен без ни малку грижа на совест им нареди на сестрите „дадете му на детето само гликоза т.е. физиолошки раствор“  Веќе беше 24 часот  и сеуште не се смируваше нападот, и во еден момент почна да течи многу крв од устата на моето дете, од нападот си го гризна јазикот. Ја викнав докторката, а таа си седнала да пие кафе ама воопшто око не и трепнува да дојде. Ја замолив да викне анестезиолог за да  даде нездонал (thiopental) за да престане нападот. Дури откако се влоши значително состојбата, докторката  повика анестезиолог. Не обвини нас, родителите за нападот, дека сме го предизвикале. Каква е таа дрскост, каква е таа докторка зарем не полагаше хипократова заклетва. Згрозени сме од незиниот пристап и тоа што требаше да ја молиме да повика анестезиолог дури кога се влоши состојбата. За наша голема радост детето се врати од нападот во ч часот по полноќ. Но тоа беа 6 часа на исцекување „да се биде или не“  поради една ладнокрвна докторка која не сакаше да ја викне екипата анестезиолози чекаше до крај се да се влоши состојбата. Револтирани сме и за дрскиот однос, што со навреди кон нас почна да вика и да се дере, како сме смееле дете со епилепсија да го шетаме. Па зарем овие деца не треба да го видат светот?! Треба да седат дома, затврени во четири ѕидови?! Кој и го дава тоа право да ги дискриминира нашите деца?! И после ова не знам што друго да кажам, дали здраствените институции се претворија во кафетерии, со чести кафе паузи и зошто лицата со хендикеп ги дискриминираат?! До кога ќе се однесуваме вака, до кога.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА 
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.