Поучна приказна за љубовта

Во денешно време кога вистинската љубов помалку ја има, и кога се трча по пари, и што подобар материјален живот, се чини дека луѓето навистина го заборавиле она за што вреди да се борат и да живеат. Меѓутоа, еве една кратка приказна што може да Ве потсети на она што се вистински вредности.
1412a-14Еден ден, една жена, која имала многу долга коса, побарала од нејзиниот сопруг да и купи чешел за коса. Човекот се чувствувал тажно и рекол дека “не може”. Тој објаснил дека нема доволно пари, дури ни за ремче на неговиот  часовник, кое се скинало. Таа не инсистирала повеќе.
Следниот ден, кога човекот поминал покрај часовничарот, и го продал својот оштетен саат по ниска цена, а потоа со парите и купил чешел на неговата сопруга. Вечерта се вратил дома со чешел во рака, подготвен да го даде на сопругата. Бил изненаден кога ја видел со исечена, многу кратка коса. Таа ја продала својата коса и во раката држела ново ремче за саат. Солзи истовремено им протекле, не поради неуспешноста на тоа што го направиле, туку поради силата на нивната љубов.
Поука: Да се сака не значи ништо, да се биде сакан е нешто, но да се сака и да се биде сакан од  оној што го сакаш, тоа е сé. Никогаш не земајте љубов лесно!



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.