Денес активисти на Здружението на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Република Македонија – ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА, ја посетија НУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Штип, при што беа доделени сет книги „Македонската современа фитотерапија при третман на епилепсија“ од Драган Јованов, во издание на здружението ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА. Во знак на досегашната успешна соработка со оваа библиотека, здружението доби и благодарница.
Ова е дел од планираните активности, со цел доближување до лицата со епилепсија, и помош на оваа категорија граѓани – изјавија активистите.
Инаку книгата „Македонската современа фитотерапија при третман на епилепсија“ е втората книга во издание на здружението, прва беше брошурата “Епилепсија, да се живее со неа“, на Методи Чепреганов. Се надеваме во иднина ќе имаме уште вакви дела со што ќе успееме да ја оствариме нашата мисија.