Штетни се, а сите ги имаме во нашите домови

13528828_919667621488731_7384362325241350088_nДодека од ден на ден се погласно не советуваат да ги фрлиме класичните светилки и да ги замениме со штедливи, голем број експерти предупредуваат, економичните светилки треба да се користат колку што е можно поретко и подалеку од нас.

Европската унија со директива забрани произведување на класични сијалици форсирајќи ги на европските пазари исклучиво штедливите, иако според познавачите се штетни по здравјето. Тогаш зошто толку се инсистира на нивното користење.

Берлински истражувачи тврдат, светилките за кои веќе некое време се полемизира се исклучително штетни. Вклучените светлосни тела емитуваат фенол, нафтален и стилен –  канцероген  состав кој при долготрајна изложеност може да биде фатален. Фенолот во организмот навлегува преку дишните патишта нарушувајќи ја нивната функција како и срцевата работа.
Израелскиот Универзитет Хаифа, веќе одамна објави истражување според кое штедливите светилки можат да го зголемат процентот на заболени жени од рак на дојка, бидејќи за разлика од класичното жолто осветлување, овие емитуваат на некој начин дневна светлина, поради што се нарушува производството на хормонот мелатонин во организмот.

Исто така постојат предупредувања дека ваквите светилки предизвикуваат мигрена, а дерматолозите пак стравуваат за пораст на кожни проблеми.

Енергетски ефикасните светилки можат да предизвикаат: вртоглавица,главоболка, мигрена, напади на епилепсија, умор, намалена концентрација, нервоза
Еко светилка која што е штетна за околината!?

Нели е апсурдно на амбалажата на еден еко производ да стои предупредување дека по искористувањето е неопходно да се исфрли како токсичен отпад?

Доколку дојде до пукање на светилката, живата што излегува е опасна за секое живо суштество. Експертите додаваат, при пукањето поголемиот дел од живата останува во светилката, само мал дел излегува во воздухот – количина што не може да го наруши здравјето.

Сепак советуваат доколку дојде до пукање на ваквата светилка.

–  Отворете ги прозорците и проветрете ја просторијата.
–  Делот каде што се скршила светилката, внимателно избришете го со влажна крпа, која подоцна безбедно ќе ја исфрлите во најлоска торба.
–  Со селотејп ги собирате евентуалните остатоци кои исто така треба да завршат во најлонската торба.
–  Отпадот никако не смее да се фрли во корпа за отпадоци, во ваков случај неопходно е да се исфрли на локација специјализирана за собирање опасен отпад.
Европската унија во сите земји членки забрани класични светилки од 100 и од 75 вати, од овој месец во пензија одат и 60 ватните. До крајот на годинава ќе престанат да светат и 40 ватните како и оние светилки од 25 вати.

Трошоците на рециклирање на една штедлива светилка се движат помеѓу 0,3-1,00 евра. Рециклирање на штедливите светилки не е економски исплатливо и се прави само поради безбедното складирање на живата. За жал, во Македонија сѐ уште не постои организиран центар за собирање на производи кои во себе содржат жива, па така живата од штедливите светилки завршува на депонии.

Но она што е битно и што не се истакнува одма во прв план е интензитетот на светлината кај штедливите светилки. Имено, интензитетот на светлината кај штедливите светилки од 11W изнесува 570-610 lm. Додека интензитетот на светлината кај класичната светилка од 60W изнесува 710 lm. Од овие факти можеме да видиме дека разликата во интензитетот на светлината кај штедливите светилки од 11W е од 15-20% послаб од интензитетот на светлината кај класичните светилки.

Производство на штедливи светилки бара повеќе материјални ресурси. Имено, за производство на штедлива светилка потребни се: стакло, лим, бакар, калај, жива, олово, антимон, бариум, арсен, итриум, фосфорни соединенија, цинк-бариум-силикат, кадмиум бромид, ториум и пластика
Само за споредба, за производство на класични светилки, потребни се: стакло, лим, бакар, калај и волфрам
Голем број на производители го истакнуваат следниот факт:„Штедливата светилка од 11W ја заменува класична светилка од 60W”.
Но она што е битно и што не се истакнува одма во прв план е интензитетот на светлината кај штедливите светилки. Имено, интензитетот на светлината кај штедливите светилки од 11W изнесува 570-610 lm. Додека интензитетот на светлината кај класичната светилка од 60W изнесува 710 lm. Од овие факти можеме да видиме дека разликата во интензитетот на светлината кај штедливите светилки од 11W е од 15-20% послаб од интензитетот на светлината кај класичните светилки.

Еколошките светилки емитираат голема количина на УВ зраци

Сега сигурно ќе се запрашате:„ Па кои тогаш светилки да користам? Класичните трошат струја, штедливите се штетни…?“
Имате две опции: LED светилки, работен век 25,000 часови, не содржат жива, кои немаат UV и IR зрачење, или халогени светилки “C” класа, работен век 2,000 часови, 30% поекономични од класичните светилки со континуиран спектар



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.