НАЈЗДРАВИОТ ЗАЧИН НА СВЕТОТ, ПОЗНАТ ПО ЛЕКОВИТИТЕ СВОЈСТВА

13528828_919667621488731_7384362325241350088_nЛатинското име на ова растение е Coriandrum sativum), а познат е како коријандер, и е убедливо најздрав зачин на светот, а покрај тоа што го збогатува вкусот на јадењата, тој е исклучително лековито растение.

Во Медитеранот, Блискиот Исток и Азија, лисјата и семето на коријандерот се користат илјадници години.

Освен како додаток кој ги збогатува јадењата, коријандерот е познат по неговото лековито дејство. Има антибактериски својства, ефикасно го чисти телото од отрови и тешки метали, и го намалува воспалението.

Коријандерот е добар извор на растителни влакна, витамини А, Ц, Е и К, како и железо, калиум, калциум и магнезиум.

Антиоксидансите и фитонутритиенти, кои ова растение ги содржи, имаат најсилен ефект ако ги јадете свежи листовите или пиете свежо исцеден сок од коријандер.

Коријандерот содржи голем број растителни хемиски соединенија за кои е познато дека имаат превентивни и лековити својства. Оваа кулинарска билка е многу слична на магдонос, во таа смисла што и лисјата и семето може да се користат како зачин.

Некои истражувања покажаа дека коријандерот може, во рок од 42 дена од телото да отстрани дури 87% олово, 91% жива и 74% алуминиум.

Лековити својства на коријандерот:
– Штити од вируси и бактерии;
– Го намалува воспалението и болката;
– Има антифунгални својства;
– Природен афродизијак
– Ја зголемува енергијата и го стимулира мозокот;
– Го чисти организмот од отрови и тешки метали.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.