Ова многумина ги интересира: СЕКОЈА НОЌ СЕ БУДИТЕ ВО ИСТО ВРЕМЕ А НЕ ЗНАЕТЕ ЗОШТО?

Досега сигурно сте сватиле дека духовната  и физичката состојба се тесно поврзани.

Традиционалната кинеска медицина, посебно внимание и значење му придаваат на секое однесување на телото во различно време.

Така, доколку се будите или почувствувате немир во исто време од денот или ноќта, според кинеската медицина тоа значи дека некои енергии во одредени делови на телото се блокирани или се погрешно насочени.

Според тоа кога се будите, точно откријте за кои делови на телото станува збор:

21:00 – 23:00

Ова е времето кога просечниот човек леже во кревет и се обидува да заспие. Ова е време кога ендокриниот систем се ребалансира и се полни со ензими. Ендокриниот систем се полни со хормони и го регулира метаболизмот. Доколку во ова време не можете да заспиете, може да се каже дека имате проблем да се опуштите, и дека премногу размислувате за изминатиот ден.

Веројатно сè уште психички сте оптоварени со случувањата од минатиот ден или веќе се подготвувате за утрешните предизвици. Повторувањето на едните исти зборови ви создава напнатост.

23:00 – 1:00

Ова е време кога енергијата според верувањата се претвора во јанг.

Јанг е активна енергија, која го храни телото и го подготвува за следниот ден. Ја зајакнува самодовербата и му помага на организмот да собере сила и да ги поднесе искушенијата кои го чекаат наредниот ден. Ова исто така е време кога се разбиваат и преработуваат мастите кои сте ги внеле, па ако сте консумирале многу нездрави масти и масла, тоа е уште една можна причина за будење и немирен сон.

1:00 – 3:00

Ова е клучно време за детоксикација на телото и процесот на обновување. Вашиот црн дроб ја прочистува вашата крв, и ги отстранува токсините.

Будењето во ова време предизвикано е од стрес, лутина и негативни емоции. Доколку не се ослободите од овие “духовни токсини’, вашиот „духовен црн дроб“ постојано ќе се активира во исто време.

 

3:00 – 5:00

Во ова време вашето тело се снабдува со кислород.

Организмот проверува дали сите органи имаат предуслов да функционираат откако ќе станете. Ако се будите често во овој период, пробајте да правите некои вежби за правилно дишење.

Будењето во ова време исто така може да е предизвикано од болка и тага која ја премолчувате.

05:00 – 7:00

Будењето во овој период од утрото може да биде резултат на несварената храна во вашето тело или доколку сте јаделе доцна навечер.

 

 

 

Ова никако не е за занемарување и затоа, доколку и ноќва се будите во исто време, барем знаете за што станува збор, и како да се справите со тоа.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.