БОЈАТА НА ХРАНАТА ЗА ЗДРАВЈЕ

13528828_919667621488731_7384362325241350088_nОвошјето и зеленчукот може веднаш да се конзумираат без да подложат на преработка и претставуваат добар начин да се зајакне нашиот организам и да се спречат голем број болести. Овие продукти за разлика од преработените немаат етикети и ознаки за тоа колку хранливи материи содржат, но нивната боја ни кажува кои здравствени придобивки може да се добијат со нивно конзумирање. Во продолжение од оваа статија ќе биде даден еден вид на класификација на често конзумираните продукти и нивните здравствени придобивки според нивната боја.

БЕЛА БОЈА

Консумирањето на поголеми количини на овошје и зеленчук со бела боја го намалува ризикот од срцев удар, го регулира холестеролот и високиот крвен притисок. Добар е како превенција против дијабетес. Белото овошје и зеленчук содржат хранливи материи и лигнани кои обезбедуваат моќно зголемување на имунолошките активности. Овие хранливи матери го намалуваат ризикот од  заболувања на дебелото црево, рак на дојка и на простата.

 

ЗЕЛЕНА БОЈА

Тешката и нездрава храна, токсините, цигарите, алхохолот, стресот и недоволната физичка активност можат да доведат до неправилна активност на организмот. Доколку сте постојано уморни, ви се спие и немате енергија, тогаш време е за детоксификација и чистење на вашиот организам.  Овошјето и зеленчукот со зелена боја можат да ви помогнат во тоа. бидеќи се богати со витамини и минерали кои му се потребни на организмот.

ЖОЛТА БОЈА

Жолтиот зеленчук е преполн со бета каротен, супероксиданс корисен за кожата и очите, па затоа на чинијата секогаш имајте моркови, сладок компир и тиква. Жолтиот зеленчук допринесува за подобар тен и златест сјај на кожата. Луѓето кои јадат повеќе овошје и зеленчук имаат златен сјај на кожата кој ги прави повеќе привлечни и со поздрав изглед, без притоа да бидат свесни за тоа.

ПОРТОКАЛОВА БОЈА

Портокаловата храна го подобрува имунитетот, штити од рак, ја намалува киселоста на организмот, го намалува холестеролот, го нормализира крвниот притисок и ги прави зглобовите поздрави. Бета-криптоксантинот, бета-каротенот, омега-3 масните киселини и зеаксантинот се повеќе флавоноиди – моќни антиоксиданси, кои штитат од бројни штетни фактори. Во оваа храна се содржат уште ликопен, калиум и витамините Б и Ц.

ЦРВЕНА БОЈА

Црвената храна содржи изобилство од ликопен, витамин А, витамин Ц, манган и кверцетин.

Здравствените придобивки од овие производи го намалуваат ризикот од развој на рак на простата, дојка, контролирање на крвниот притисок, нивото на холестерол, подобрување на имунитетот и подобрување на здравјето на крвотокот. Исто така, црвениот зеленчук позитивно делува врз работата на срцето, го штити видот и ја подобрува меморијата.

ВИОЛЕТОВА БОЈА

Виолетовото овошје и зеленчук е преполно со антиоксиданси кои го чистат телото и затоа е посебно здраво да се јаде.

Виолетовото овошје и зеленчук даваат големи здравствени бенефити,  преполни се со антиоксиданси кои го чистат нашиот организам од слободните радикали.  Виолетовата храна го подобрува здравјето на срцето, видот и работењето на мозокот.

 

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.