ПОУЧНА ПРИКАЗНА за навредата

Ако имаш ти за мене имаш само навреда, а јас не ја  прифаќам, на кого таа ќе му припаѓа?

 

e03464c3-5c75-4128-a2b3-3ead317e1e16image4Ова е кратка приказна за еден духовен учител, за кој се верувало дека е невозможно некој да го навреди.

Некој западњк слушнал за овој духовник и одлучил да го провоцира. По пристигнувањето во неговиот храм, тој почнал да го навредува и понижува на секој можен начин …

Сепак, во текот на целиот тој настан, учителот останал целосно смирен, ниеден мускул не му се придвижил. Западњакот не може да верува. По половина час, тој ја загубил целата енергија и на крајот одлучил да го праша учителот:

“Јас ги разбирам, тие ваши духовни работи и тоа како, не ви е грижа што другите луѓе мислат за Вас, но јас те понижив и навредив, треба да научиш да се бориш за себе.”

Прв пат, учителот проговорил: “Синко, може ли јас да ти поставам само две прашања?”

“Се разбира”, рекол човекот.

Потоа учителот продолжил: “Ако ми донесеш подарок, а јас не го прифаќам, на кого тој подарок понатаму ќе му припаѓа?”

Човекот рекол: “Па, ако не го прифатиш подарокот, тогаш и понатаму ми припаѓа мене.”

Тогаш учителот повторно прашал: “А сега, синко, ако имаш за мене само навреда, но јас не ја прифаќам, на кого таа понатаму ќе му припаѓа?”

 

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.