ЕПИЛЕПСИЈАТА НАЧИН НА ЖИВОТ, А НЕ ХЕНДИКЕП

 

ЕСП (Европски Суд на Правдата) го дефинира инвалидитетот како „ограничување коешто произлегува од физичко, умствено или психолошко нарушување и кое го попречува учеството на засегнатиот поединец во професионалниот живот. Со цел истото да му припадне на концептот на „инвалидитет“ треба да биде проценето како долготрајно ограничување“.

e03464c3-5c75-4128-a2b3-3ead317e1e16image4Според ЕСП, инвалидитетот претставува физичко, умствено или психолошко нарушување. Физичките нарушувања можат да подразбираат нарушувања на сетилата, на пример видот и слухот, срцево заболување, шеќерна болест, ЕПИЛЕПСИЈА, парализа на екстремитетите итн. Умствените нарушувања можат да подразбираат потешкотии при учењето, дислексија, Алцхајмерова болест итн.

Според ова лицата со епилепсија би требало да се инвалиди, и да ги остваруваат тие права. Но состојбата во Македонија е поинаква. Овие лица се на маргините на општеството, често пати мораат сами да се снајдат, да го кријат своето нарушување со цел да небидат дискриминирани. Но многу важно е да се напомене дека во Македонија има околу 25000 лица со епилепсија. И покрај големиот број на луѓе на кои влијае, епилепсија и епилептични напади се погрешно разбрани, особено од опшеството, и работодавците. Општо распространето е мислењето дека овие лица се инвалиди, и неспособни за извршување на работни задачи. НО НЕ Е И НЕМОЖЕ ДА БИДЕ ТАКА. Пред се епилепсијата не секогаш се манифестира со напади без свест, и пена на уста. Епилепсијата во мал дел од случаите може да предизвика когнитивни пречки, но во глобала лицата можат да водат нормален начин на живот, а некои истражувања покажуваат дека овие лица имаат повисоко ниво на интелигенција. Епилепсијата е едно од најчестите невролошки нарушувања кое може да биде третирано, и ИЗЛЕКУВАНО. Според тоа лицата со епилепсија можат да имаат нормален начин на живот. Во Македонија сите типови на епилепсија, сите возрасти и категории се ставени „во ист кош“, па истото важи за сите групи. Затоа заложбата на Здружението ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА е поделба на овие лица, со цел сите лица со епилепсија да бидат соодветно категоризирани според видот и степенот на епилепсијата и нападите. Како што во еден наврат кажа почитуваниот д-р Чепреганов: „И намал процент способност да постои кај лицето, треба да се искористи“. Не е ни логично ни фер према лицата, исто да бидат сметани и лица кои се фармакорезистентни и имаат секојдневни напади, и лицата кои имале неколку напади во својот живот, и никогаш повеќе, или уште на детска возраст добиле напади, па со тек на време исчезнале. Голем удел во ваквото верување имаат медиумите пред се каде епилепсијата и лицата со епилепсија се лошо претставени, а тоа дополнително го усложнува процесот на правилна едукација за епилепсијата како тип на нарушување. Нема да ги истакнеме историските факти кои укажуваат дека многу познати лица имале епилепсија, туку ќе се задржиме на сегашноста. Многу лица иако имаат епилепсија, се вработени и ги извршуваат работните обврски. Поголем дел од нив мора да го кријат своето нарушување од работодавците, но има и такви работодавци кои го прифаќаат работникот иако е со тоа нарушување. Нашата борба е долга, но се надеваме на успех, каде ќе успееме да создадеме општество каде ќе се почитуваат правата на лицата со епилепсија, и ќе им се овозможи социјален, здравствен и економски просперитет. Општество кое ќе има поддршка и почит кон лицата со епилепсија, и ќе им овозможи достоинствен живот. И понатаму нашите активности ќе ги насочуваме кон подобрување на свеста за епилепсијата, кон подобрување на начинот на живот на лицата со епилепсија, кон поттикнување на институциите да одговорат на барањата на овие лица.

Ние епилепсијата ја сфаќаме како НАЧИН НА ЖИВОТ, А НЕ ХЕНДИКЕП

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА 
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.