НАВИКИ КОИ ЌЕ ГО ПРОДОЛЖАТ ВАШИОТ ЖИВОТ

Дури и ако не сте подготвени да им се посветите на редовните тренинзи, здравата исхрана и осумчасовното спиење, постојат многу начини кои ќе внесат големо освежување во вашето секојдневие, и ќе го продолжат вашиот живот.Nutella-Muffins-141

Следните навики може секој да ги воведе во своето секојдневие, и да внесе повеќе енергија, со што ќе го продолжи својот живот.

Смејте се на глас
Дури и ако мислите дека во вашиот живот моментално ништо не е смешно, смејте се. Tокму поради вашето физичко и психичко здравје обидете се секој ден барем неколку минути да се смеете гласно. Луѓето кои почесто се смеат имаат понизок притисок и помалку проблеми со срцето, а сите ние добро знаеме колку позитивниот став може да ни помогне буквално во сите сегменти на животот. За почеток, нека ве насмеат вашите духовити пријатели, проверените филмови, книгите или што и да ви одговара, само да ве насмее.

Јадете јаткасти плодови
Бадеми, лешници, ореви, индиски ореви … овие мали залачиња можат да му помогнат на вашето тело да се брани од сериозни болести на белите дробови, разни видови на тумори, дијабетес и болести на срцето.

Јадете риба
Жените во Јапонија се едни од ретките во светот кои живеат подолго, а луѓето кои живеат на Медитеранот вообичаено се во добра физичка форма и имаат помалку проблеми со срцето и кардиоваскуларниот систем. И едните и другите имаат нешто заедничко, а тоа е фактот дека консумираат големо количество на риба која има малку калории а изобилува со омега 3 масни киселини кои е докажано дека се одлични во борбата против дијабетес, артритис, висок холестерол, висок крвен притисок и воспалителни болести на цревата.

Престанете со пушењето
Сите знаеме колку се штетни цигарите, но можеби ќе ве интересира фактот дека оние кои престануваат со пушењето до 40-тата година живеат деценија повеќе од оние кои продолжуваат да пушат.А тоа не е воопшто мал период од животниот век.

Станувајте
Животот од седење е кобен за телото на човекот. Поради седењето преку целиот ден, собираме масни наслаги, метаболизмот се успорува, коските слабеат и се зголемува ризикот за добивање на висок крвен притисок и болести на срцето. Дури и ако е неопходно да работите 8 часа дневно седнати на столче, секој час до два станете и направете мала “прошетка”, а во попладневните часови резервирајте си време за барем куса прошетка од 20-тина минути.

 

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.