ЧАША ВОДА НАУТРО КАКО ЛЕК

Сигурно знаете дека во телото потребно е секој ден да внесете одредена количина на вода. Дознајте што се случува ако водата  се пие на празен стомак секое утро штом ќе се разбудите.

Nutella-Muffins-141

Многу луѓе имаат навика да пијат вода наутро,  на празен стомак. Оваа навика особено се негува во Јапонија, како еден вид на традиција, а популаризирана е по Втората светска војна, кога за тоа пишуваа нивните весници.Голем број испитувања ја докажале предноста на оваа техника. Лекувањето со вода дава резултати за голем број сериозни заболувања.

Познато е дека пиењето вода на празен стомак делува во лечењето на следниве болести: главоболка, болки во телото, срцевиот ситем, забрзана работа на срцето, епилепсија, масти во крвта, бронхитис, астма, туберкулоза, менингитис, болести на бубрезите и мочните органи, повраќање, гастритис, дијареја, хемороиди, дијабетис, запек, сите болести на очите, болести на матката, менструални пореметувања, болести на увото, грлото и носот.

МЕТОД НА ЛЕЧЕЊЕ:

* Штом се разбудите наутро, пред да ги исчеткате забите, испијте 4 пати по 160мл (640 мл) вода.
* Измијте ги забите, но немојте ниту да јадете ниту да пиете во наредните 45 минути.
* По 45 минути можете нормално да јадете и да пиете.
* По доручекот, ручекот и вечерата, немојте да јадете, ниту да пиете ништо во наредните два часа.
* Оние кои се стари и болни и неможат да испијат 4 чаши вода на празен стомак, додека не се привикнат на одредената доза нека почна со пиење вода колку што можат, а потоа секој нареден ден нека ја зголемуваат количината се додека не стигнат до потребните 640мл.
* Овој метод ќе ги излечи вашите болести, а оние што се здрави ќе уживаат во енергијата што ќе им ја даде водата.

КОЛКУ ДЕНА СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ЛЕЧЕЊЕ:

* за висок крвен притисок – 30 дена

* за гастритис – 10 дена

* за дијабетис – 30 дена

* за запек – 10 дена

* за туберкулоза – 90 дена

Најдобро би било овој метод на пиење вода да се применува во текот на целиот живот. Така ќе бидете поздрави и полни со енергија.

* Напомена: оние кои имаат артритис, овој метод на лечење можат да го прават само три дена во првата недела, потоа треба да паузираат една недела, па одново да почнат да го применуваат секојдневно. Ова лечење нема пропратни ефекти освен што често ќе мокрите. Значи пијте вода и останете активни.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.