КАКО ДО ПОДОБАР СОН ВО ЖЕШКИТЕ ЛЕТНИ НОЌИ

Од големо значење е КАКО, а не КОЛКУ спиеме. Кај секоја несоница треба да се утврди причината. Може да ја предизвикаат високите температури, или ако не се пијат доволно течности. Таблетите за спиење се последно нешто на што треба да помислите.

purple-abstract-06

Поради жештината во лето често се будиме во текот на ноќта и имаме лош и испрекинат соно. Психологот и терапевтот Nerina Ramlakhan, која се занимава со проблеми при пореметување во спиењето покажува како температурата може значително да влијае врз лошиот сон, а со тоа и врз нашето здравје, односот со партнерот, но и со другите луѓе, односно влијае на целокупниот квалитет на животот.

Добар сон е важен за функционирање на секој човек во текот на денот, како и за телото и психата на човекот – вели Ramlakhan

Еве неколку едноставни совети како да го подобрите вашето спиење во текот на жешките летни денови. Ramlakhan, меѓу другото, советува пред спиење миење на нозете со ладна вода и да се избегнеува кафе и зачинета храна пред спиење.

Можеби звучи чудно, но и ова помага. Пред спиење земете ја навлаката од перницата и ставете ја во фрижидер неколку минути, а потоа ставете ја на перницата и спијајте. Студената перницата ќе помогне да се намали температурата на телото и полесно да се заспие. Истото може да се направи со помош на облеката во која спиете. Пижамите ставете ги во фрижидер, нека стојат неколку минути, а потоа облечете ги пред спиење.

Во текот на денот, кога температурите се премногу високи, затворете го прозорецот од спалната соба и спуштете ги завесите. Вечерта отворете го. Исто така ќе биде добро, да имате соодветен и квалитетен душек, и за да бидете сигурни во тоа, консултирајте во продавниците за мебел и постелнина. Добриот сон може да го расипе и неудобниот кревет. Нов, добар душек не мора секогаш да биде скапа инвестиција, солидно решение може да се најде и за помалку пари. Важна е и перницата, која треба да ја поддржи главата и вратот, во согласност со вашиот ‘рбет.

На квалитетот на спиењето може многу да влијае и она што го јадете пред спиење. Она што не смее да се заборави е дека во текот на денот треба да се пие доволно вода и да се јаде овошје и зеленчук што е добро за хидратација и детоксикација на телото, како на пример дињи и краставици. Избегнувајте кафе или чај со кофеин кои ве рассонуваат, но на вечер е добро да се јаде банана. Таа е полна со триптофан, неопходна амино киселина за производство на серотонин, невротрансмитер кој има смирувачки ефект.Исто така штетните ефекти од пушењето се општо познати, сепак, не е толку добро познато дека пушењето може да го наруши спиењето. Никотинот е, всушност, стимулант и цигарата поради тоа може да придонесе тешко да се заспие и да има негативно влијание врз спиењето.Чашка алкохол некому помага да заспие побрзо, но алкохолот, генерално, не е помага за подобар сон. Прилично е веројатно дека ако сте пиеле алкохол, во текот на ноќта да се разбудите со чувство на жед и потреба да одите во тоалет.

Во сон ќе биде полесно да се потоне ако собата е темна и без бучава. Апсолутна тишина и мрак, се разбира, тешко е да се постигне, особено во градски услови, но обидете се овие услови да ги обезбедите што е можно повеќе.

На многумина им помагаат неколку капки масло од лаванда на перницата. Добра е и релаксирачка бања пред спиење за да се релаксираат мускулите и да се намали температурата на телото, што дава сигнал до мозокот дека е време за спиење.

Image result for tv BEFORE SLEEPНа телевизорот не му е место во спалната соба, многу експерти го тврдат тоа. Оваа просторија треба да биде резервирана за одмор и спиење, и психолозите откриле дека за добар сон помага кога спалната соба се чува чиста и уредна.Исто така за добар сон придонесува мобилните телефони, таблетите и сличните електронски уреди да бидат што подалеку од вашиот кревет.

Проблеми со спиењето може да предизвикаат и некои здравствени проблеми, како што се проблеми со тироидната жлезда, депресија и така натаму. Затоа, ако вообичаените совети за регулирање не помагаат, можете да јавите кај вашиот лекар.

Ако имате било каква загриженост, и ако сте изложени на некои вонредни стресни ситуации што влијаат на добриот сон , може да ви помогне неколку минути релаксација каде ќе го масирате челото. Тоа треба да биде нежна масажа меѓу веѓите и косата.

Пред да одете да спијате, избегнувајте било какви ментални активности за кои е потребна целосна концентрација. Дури и обично плаќање на сметките во домот, на пример, може да ве разбуди до таа точка што може тешко да заспијате, особено ако ви недостасуваат средства.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.