ЦРЕШИ – Зошто треба да ги јадеме

Lavander-rows-France_20090617181556Црешата (науч. Prunus avium) е листопаднo овошно дрво од родот на сливите (Prunus), чии истоимени плодови се користат во исхраната. Се верува дека татковината на црешата е Мала Азија, и дека билаомилено овошје на римските војници кои верувале дека овие слатки месести плодови даваат енергија и сила. И биле во право. Оваа црвено овошје  крие многу корисни состојки за нашето здравје, како што се витамини А, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц и К, минерали, калиум, калциум, железо, бакар, манган, магнезиум, фосфор и цинк. Содржи и влакна, целулоза, пектин, органски киселини. Поради богатството на антиоксиданси, црешите се големи борци против слободните радикали, кои се размножуваат на човечкото тело. Црешите се препорачуваат за луѓе кои страдаат од астма и алергии, како и оние кои сакаат да имаат убава кожа, бидејќи црешите го помагаат производството на колаген, кој и дава цврстина на кожата. Истражувањето спроведено на Американскиот универзитет во Вермонт покажаa дека антоцијаните во црешите ја ублажуваат болката во мускулите и грчевите во листовите на нозете. Црешите се познати по нивната способност да го намалат воспалението. Истражувачите од Државниот универзитет во Мичиген открија дека антоцијаните, соединенија кои им ја даваат на црешите нивната црвена боја, имаат силен анти-инфламаторен ефект.

Според експертите, 20 цреши дневно имаат ефект посилен од една таблета аспирин.

Исто така, ова овошје ги чисти бубрезите и мочните канали, бидеќи е одличен диуретик кој го помага излачувањето на урината. 

Цреши имаат многу ниска количина на масти и се нискокалорични – во 100 грама има само 63 калории. Благодарение на влакната и пектинот, ова овошје придонесува за чувство на ситост. Истражувачите од Универзитетот во Мичиген велат дека антоцијаните од темниите цреши може да ја намалат количината на мастни наслаги во стомакот и да го намали нивото на холестерол и шеќер во крвта.

Нутритивeн состав на црешата (100g):
Калории 57
Вкупно масти 0.2g
Заситени масти 0.1g
Холестерол 0mg
Натриум 0mg
Јаглехидрати 16g
Диететски влакна 2.1g
Шеќери 12.8g
Протеини 1.1g
Калциум 13mg
Калиум 222 mg

Рецепт за чај

Измијте ги и ситно исечкајте неколку цреши, а потоа ставете ги во еден литар врела вода и верете околу две минути. Оставете чајот да отстои 15 минути, а потоа процедете го. Земајте по неколку голтки во текот на денот. Покрај тоа што има лековито дејство, овај напиток ќе ви овозможи и разладување во текот на летото, доколку го земате ладен, и со неколку коцки мраз.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.