Кромид – добар е за коските, очите, срцето, и го зголемува имунитетот

hanh-la-1

Колку повеќе овошје и зеленчук јадете, помали се  шансите за развој на некои посериозни здравствени проблеми.

Причината за тоа е што овошјето и зеленчукот содржат многу витални хранливи материи кои се од суштинско значење за правилно функционирање на целиот организам. Кромидот содржи широк спектар на состојки кои го подобруваат здравјето – витамини, минерали и фитохемикалии. Може да се јаде свеж или како додаток во јадење,  дознајте,  зошто тој е еден од најздравите видови храна.

Здравје на коските

Само едно стебленце кромид содржи околу 20 микрограми витамин К, и 1,6 mg  витамин Ц. Кога станува збор за потребите на жените за споменатите витамини, стебленце кромид содржи 22% од препорачаната дневна доза на витамин К и 2,1% од препорачаната дневна доза на витамин Ц. Кај мажите , ова изнесува 16% од препорачаната доза на витамин К и речиси 2%  витамин Ц. Овие витамини се од суштинско значење за раст, развој и одржување на јачината и здравјето на коските. Ако вашата исхрана не содржи доволно количество на овие витамини, ја зголемувате веројатноста за појава на остеопороза и повисок процент на кршливост на коските.

Здравје на очите

На телото му е неопходен витамин А за производство на родопсин, протеин во очите, која им овозможува на рецепторите на мреживата да ја апсорбираат светлината. Кај лицата чија исхрана не содржи доволно количество витамин А може да се развие ноќно слепило и други нарушувања на видот, вклучувајќи чир на рожницата. Стеблото на кромидот содржи 24 микрограми витамин А во форма на провитаминот А кој во телото се претвора во ретинол, активната форма на витаминот. Оваа количина на исполнува 3,4% од дневните потреби на жените и 2,6% на мажите.

Здравје на срцето

Витамините А и Ц, кои може да се најдат во храната како што е кромидот, имаат силни антиоксидантни својства. Ова значи дека овие  витамини може да спречат оштетување на клетките на ткивата предизвикани од дејството на слободните радикали. Исхраната богата со состојки кои имаат високо ниво на антиоксиданси, особено овошјето и зеленчукот е поврзана со намален ризик од срцеви заболувања. Витаминот Ц исто така може да помогне во намалување на високиот крвен притисок, кој исто така, може да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Имунитет

Истражувањата покажаа дека кромидот е богат извор на фитохемикалии, особено соединенија на флавоноиди, како што се кверцетин и антоцијан. Овие  особено фитохемикални соединенија, се природни хемикалии кои ги содржат растенијата, и тие може да го подобрат имунитетот. Покрај тоа, истражувањето покажува дека флавоноидите исто така може да помогнеат во спречување на ракот со отстранување на ксантин оксид, ензим кој произведува слободни радикали.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.