Лаванда – смирува, хидрира и релаксира

Лавандата смирува, хидрира, ги релаксира кожата и духот. Тоа е едно од најпопуларните ароматични растенија, омилена е и присутна во хидратантните кремови, млека за тело, масла, парфеми…

viber image

Лавандата е полугрмушеста билка која расте на сувите и топли предели. Инаку, таа се одгледува како украсно растение во градините и парковите. Лавандата може да порасне до 60 сантиметри.

На дното е разгранета. Гранките се четириаголни и надигнати. Листовите наликуваат на листовите на рузмаринот. Имаат сиво-зелена боја со големи пори. Цветовите ги сочинуваат модри пршленасти класови.

Лавандата има силен ароматичен мирис, горчлив и лут вкус, и има сивозелени листови и синовиолетови цветови и долги класови.

Цвета во јули и август, а за лековити потреби се берат листовите и цветовите пред да се отворат. Исушените цветови со силен мирис и малку горчлив вкус. Најчесто се користат за подготвување на чај, билни капки, етерично масло, купки или инхалација.

Лавандата може да се најде на ливади, на суви, топли и џбунесто предели. Најмногу ја има на Медитеранот. Како и другите билки, и лавандата има подобрено лековито дејство кога ќе се помеша со камилица, рузмарин или жалфија, бидејќи наведените билки го засилуваат нејзиното дејство.

Лековито дејство: лавандата благотворно делува на желудникот и матката, го намалува поддувањето, го подобрува излачувањето на мокрача, ги намалува менструалните болки, а делува благотворно и при породување.

Се препорачува и при лечење на болести на мозокот и нервите, против забрзано биење на срцето причинето од нервоза, грчеви во цревата, мигрена, хистерија и склоност кон напади на несвест.

Помага и во борбата со акните, мрсната кожа, циститис, дерматитис, псориаза, ексцема, атлетско стопало, алергии, астма, бронхитис, веспаление на грлото, инфекции на усната шуплина, кашлица, воспалени синуси, конјуктивитис, мигрена, главоболка, модринки, изгореници, исеченици, вознемиреност, депресија, стрес, хипертензија, дименореа, болки во увото, непријатен здив, тешкотии со варењето.

Лавандата во вид на облога одлично ги ублажува изгорениците и раните, бидејќи има силно антисептичко дејство. Маслото од лаванда е идеална „прва помош“ за надворешни повреди. Има исто дејство како алкохолот, но не пече!

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.