Со робот, кој изработил карта на нападите, ја “излекувале” епилепсијата

Со нова роботска постапка лекарите се во можност прецизно да го утврдат изворот на нападите, а едно момче (15), две седмици по завршување на постапката немало воопшто напади.at

Robotom koji je izradio kartu napadaja 'izliječili' epilepsiju

Billy Whitaker (15) е еден од најмладите Британци на кои им ја ‘излечиле’ епилепсија со помош на робот кој создал дигитална карта на неговиот мозок.

Момчето седум години имало секојдневни напади, а класичната операција не била целосно успешна. Но со робот вреден  околу 450000 евра, направиле мали отвори за електроди во неговиот мозок. Сега за прв пат може многу точно да се утврди изворот на нападите, што на лекарите им овозможи да пристапат и да ги отстранат малите парчиња ткиво што предизвикуваат епилептични напади.
Од операцијата,поминале две недели, а Billy немал ниту  еден напад па лекарите веруваат дека го излекувале.Neurosurgeons used a new £350,000 robot to drill electrodes deep into his brain

– Се сомневавме дека мали делови од неговиот мозок ги предизвикуваат  нападите. Со роботот прецизно вградивме електроди во мозокот за да видиме дали таму е изворот на напади – изјави неврохирургот Michael Carter. Со роботот можеме сигурно и прецизно да ја одредиме патеката низ мозокот , следеќи ги електродите преку мал отвор во черепот и тоа точно во областите што ги сакаме.

Лекарите прво направиле 3D мапа на мозокот, а потоа ја поставиле рамка на главата на Billy, со цел да се позиционира машината за бушење. Тогаш роботот следеќи ги овие информации, направил 1 мм дупка во черепот и 3 см во мозокот на момчето, кои овозможиле да се вградат електродите.

Billy Whitaker following the pioneering surgery

Откако Billy се разбудил, лекарите ги намалиле неговите лекови за да ги иницираат нападите, кои ги имал девет за три дена. Електродите во мозокот ја откриле точната локација на нападите и една седмица потоа хируршки биле отстранети тие делови и ткива. Во Велика Британија во моментов се само четири вакви уреди и досега се извршени само неколку операции, а разликата е во тоа што на почетокот електродите се ставле на главата и така ја следеле работата на мозокот. Во иднина ваквата постапка може целосно да го извести роботот.

Момчето од Cornwall сеуште се опоравува во болница, но се надева дека наскоро ќе се врати во училиште и ќе се занимава со спорт.

извор


Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.