Направете сами светлечки облак, ВИДЕО

atНаправете сами облак кој свети и на вашите најмили прередете им пријатна атмосфера за спиење. Да се создаде овој необична лустер не треба алат, само малку труд и имагинација.

Материјали кои се потребни:

– Хартиени лампиони (топки) , со различни големини;
– Пиштол за силикон;
– LED светлечка лента
– Жица или конец
– Памук
– Дрвено вретено

Начин на изработка:
Чекор 1: Раширеете ги топките од хартија и со пиштолот залепете го памукот на топката и потоасо раката прицврстете го на површината. Користете различна големина на хартиени топки за да создадете облак што е можно пореално. За лустерот, како што е прикажано на видеото, користени се пет хартиени топки.

Чекор 2: Земете дрвено вретено и врзете го на двете страни. Конецот закачете го на куките, кои претходно треба да се прикачат на таванот.

Чекор 3: Поврзете ги хартиените топки, со памук за дрвеното вретено со жица, нижете ги еден по еден додека не го добиете саканиот облик на облак.

Чекор 4: Наместете ја LED лентатаод долната страна и вашиот нов лустер е завршен.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.