Нов тип на паметен часовник кој детектира епилептични напади

Луѓето со епилепсија страдаат од неочекувани напади кои можат да предизвикаат повреди па дури и смрт од SUDEP ( ненадејна, неочекувана смрт од епилепсија), состојба која трае неколку минути.
Компанијата Empatica чиј коосновач Rosalind Picard, професорка од MIT е една од пионерките за мобилна технологија, разви ракавица со медицински квалитети под името Embrace.

Gallery Image

Оваа ракавица ги следи сигналите на тресење и другите витални знаци за да детектира потенцијално опасни напади и да ги извести корисниците за да може на време да интервенираат.
Научниците ширум светот веќе ја користат истражувачката верзија на ракавицата од компанијата Empatica под називот Е4, која воедно мери и други сигнали за да ја проучува епилепсијата или некои невролошки пореметувања.

Повеќе спроведени истражувања покажале дека со комбинација на мерења на електродермални активности, односно спроводноста на кожата и податоците за движење кои ги собира ракавицата можат значително да ја зголемат прецизноста во откривање на епилептичните напади.
Освен за детектирање на епилептични напади, оваа ракавица може да се користи и за следење на нивото на стрес, што според мислење на креаторката е важно за доброто здравје.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.