Дежаву (веќе видено) – предупредување за почеток на епилептични напади

„Дежа ву“ е ретка состојба, која ќе ја препознаете кога ќе ја почувствувате. На пример, додека одите низ нов град во кој никогаш претходно не сте биле, вашиот мозок почнува да препознава некои места, па застанувате и знаете дека дефинитивно некогаш сте биле на тоа место. Но, не сте биле, па што се случува?

Уште во далечната 1876 година францускиот психолог Емил Буарак го воведил терминот “дежаву” (франц. déjà vu – веќе видено). Поминаа 140 години – цело време научниците од сите земји во светот се обидуваат да објаснат зошто повеќето здрави луѓе чувствуваат дека некогаш веќе биле во слична ситуација. Но, во научниот свет до денес не постои ни еден аспект во тој контекст, за она што предизвикува дежа ву и зошто овој феномен може да биде предизвикана вештачки.preg

Група истражувачи од A & M Универзитетот во Тексас ги анализирале резултатите од претходните истражувања, посветени на дежаву , и се појаснија какви механизми најверојатно се одговорни за појавата на лажни сеќавања.

Психолозите потврдиле дека повеќето луѓе доживуваат дежаву – според различни истражувања, 60 до 80% од мажите и жените барем еднаш во животот се соочат со овој феномен. “Според сите анкети 2/3 од луѓето не знаат што е дежаву.  Да се ​​разбере како овој феномен се случува, потребно е да научиме како да се сетиме на едни или други нешта. “ – коментира невробиологот Мајкл Кука, еден од авторите на студијата. Истражувачите сметаат дека за појавата на дежаву одговарен е темпоралниот лобус на мозокот, чии функции се поврзани со перцепцијата на звук, вкус, мирис, анализа и синтеза на говор, како и механизмите на меморијата.

Оштетување на темпоралниот лобус може да доведе до појава на савант синдром – ретка состојба во која лицата со абнормалности во развојот имаат “остров на генијалноста” – симптоматска способност во една или повеќе области, спротивставени со општата ограниченост на личноста.

Еден од најпознатите саванти бил Ким Пеек – Американец со феноменална меморија, запомнал до 98% од прочитаните информации , прототип на херојот  Дастин Хофман во филмот “Дождовен човек”.

Исто така оштетен темпорален лобус доведува до епилепсија на темпоралниот лобус при што фреквенцијата на дежаву се зголемува. “Познато  е дека некои пациенти доживуваат дежаву како предупредување за почеток на нападите”, вели Мајкл Кука.

Претходно уште една група научници стигнала до слични заклучоци – невролози од Универзитетот Дјук, со помош на функционална магнетна резонанца го скенирале главниот мозок на здрави доброволци, кога тие правеле тестови за меморија и лажни сеќавања. Научниците примениле стар трик со крава, коњ и свиња. Тие им зборувале на доброволците само за крава и коњ. Потоа, повеќето од нив биле апсолутно сигурни дека следува збор свиња. Во текот на истражувањето научниците утврдиле дека кај доброволците, кои се апсолутно сигурни во својата меморија, нагло е зголемена активноста во средината на темпорален лобус. Освен ова познато е и дека нарушувањата во темпоралниот лобус на мозокот можат да предизвикаат парамнезија – растројство на меморијата, изразена со лажни сеќавања. При парамнезијата може да настапи мешање на минатото и сегашноста, а исто така на реални и измислени настани. Понекогаш пациентите доживуваат како дел од сопствениот живот да имаат прочитано или видено , или обратно, прочитаното или виденото да го доживуваат како дел од својот живот.

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.