Најновите американски истражувања покажаa дека слушањето музика може да помогне да се спречи епилептичен напад.
Мозокот на лицата со епилепсија различно реагира на музиката за разлика од мозокот кај луѓе кои не страдаат од ова нарушување, вели коавторката на студијата, неврологот Christine Charyton од Државниот универзитет во Охајо.
– Бевме изненадени од резултатите. Претпоставувавме дека музиката поинаку ќе делува врз мозокот од тишина, но не очекувавме дека луѓето со епилепсија ќе реагираат на различен начин отколку луѓето без ова нарушување – рече Charyton во изјава за Лондонски Telegraph.
Резултатите од електроенцефалограмот (ЕЕГ) покажаа дека кај луѓето со епилепсија доаѓа до синхронизирање на активноста на мозокот со музика.
Charyton и нејзините колеги истакнаа дека музиката во иднина може да се користи во комбинација со други, традиционални методи во спречувањето на епилептични напади.