АРОМАТЕРАПИЈА

atАроматерапијата е слоевита уметност на лечење каде се користат етерични масла, ароматични растенија и дрвја, со цел да се зачува здравјето на телото и смиреност на умот. Иако името  ароматерапијата за прв пат во 1937 година го употребил францускиот научник, козметичарот Rene-Mauricea Gattefossé, кој  во неговото истражување открил како одредени екстракти на дестилирани ароматични растенија имаат многу силен ефект, како на кожата така и и на целиот организам, вистинските корени на ароматерапијата потекнуваат далеку во минатото. Египќаните  користеле на етерични масла добиени со примитивна дестилација од растенија, цедени цвеќиња и ароматични билки потопувани во масло, кои се користеле за добивање на парфем, лекување на разни болести и балсамирање на покојни. Етерични масла за парфеми и лекување користеле и Грците и Римјаните, и во стара Кина, етерични масла се користеле во комбинација со акупунктура и масажа за лекување на многу болести. Персискиот физичар Avicena во 11 век толку го усовршил методот на дестилација што одтогаш машината за дестилација воопшто не е променета.
Етеричните масла, исто така познати како есенции, се изразито миризливи течни составени од ароматични растенија, дрвја и билки. Етеричните масла може да бидат лоцирани во различни делови на растението: ливчињата на цветот (кај розите), листовите (кај еукалиптусот), коренот (кај ветиверот), кората (кај циметот), неживиот дел на срцевината (кај сандаловото дрво), цитрусната кора (кај лимонот), семето (кај кимот), ризомите (кај валеријаната), главицата (кај лукот), надземно делови на растенија или врвот (кај мајоранот) и смолата (кај темјанот), а може да се најдат во многу различни делови од растението. Етеричните масла се високо концентрирани супстанции, и ретко се користи во оригинален, неразреден облик, иако некои есенции како лаванда и чајно дрво се користат неразреден како антисептици.
                                                 ПРИМЕНА НА ЕТЕРИЧНИТЕ МАСЛА
Масажата е најефективната постапка во ароматерапијата и најбрзо дава резултати. Со масажа маслата продираат длабоко во кожата и телото преку лимфните жлезди и крвотокот. Масажата ја подобрува циркулацијата на крвта и ги стимулира лимфните жлезди а со тоа помага во исфрлањето на токсините од телото, го подобрува варењето на храната, ја спречува и ја отстранува главоболката,овозможува длабок сон и да ја спречува несоницата, го намалува високиот крвен притисок, обезбедува подобро дишење и ги ублажува респираторните заболувања, го зголемува лачењето на ендорфин во мозокот и го отстранува нерасположението, го зајакнува имунолошкиот систем,а како се релаксираат мускулите почнуваат да се ослободуваат и да се интензивираат емоциите.
Масажата со ароматерапија се базира на пет масажа движења:  лизгање (се врши со целата површина на дланката), месење (ритмичка компресија, како да се месе леб), повлекување (силно движење со подигнување на дел од телото), притисок (со врвовите на палците или коренот на дланките), и галење (со врвовите на  прстите).
Професионалната ароматерапија најчесто се прави на специјално дизајнирани маси, но исто така, може да се врши на под и на кревет ако душекот е тврд.
Етеричните масла за масажа со ароматерапија треба да се разредат во природна база на масло и по можност нерафинирано и ладно цедено. Етеричните масла се додаваат во база на масло во сооднос од 0,5 – 3%, во зависност од интензитетот на аромата во етеричните масла и целите за кои се наменети. Арома терапевтите ретко користат само едно етерично масло. Претпочитаат да се мешаат две, три или повеќе масла за да се создадат повеќенаменски комплексни мириси, земајќи ја во  предвид комплексната природа на мешавина за лицето за кое е наменета. Внимателно одбрана мешавина често е подобра од едно масло заради дополнителната енергија, која е резултат на здружување повеќе масла. Лековитото делување на компатибилни мешавини, особено во комбинација со добра масажа може да  стимулира пријатни чувства и слики и да предизвика потполна смиреност.
Самомасажата го нема истиот ефект како добра масажа со ароматерапија затоа што не може да се релаксираат доволно за да целосно опуштање, ниту пак лесно може да дофатато сите делови на телото. Но без оглед на тоа, ако нема кој да ви прави масажа, или не можете да си дозволите професионален третман, самомасажата со ароматични масла може да биде убава самогрижа. Изберете етерични масла со одредени лековити ефекти, и брзината на движењата прилагодете ги на вашите потреби.
Ароматични маски за лице ја нормализираат кожата, ја стимулираат циркулацијата,ја затегнуваат кожата и ја даваат потребната влажност. Иако може да се нанесе по вообичаеното чистење, многу подобро е да се стави после мирисна бањи, парна бања за лице или топли облоги додека кожата е сеуште влажна и топла. Маската оставете ја да делува 10 минути, а потоа исплакнете со вода. Постојат голем број на подготвени ароматични маски на пазарот, а можете сами дома да комбинирате со глина, мед или јогурт со некои од маслените бази и неколку капки етерични масла, како што се маслото од чајно дрво и лаванда, кои се добри антисептици.
Тоник за кожата се едноставни за нанесување, бидејќи се чиста мешавина на дестилирана вода, јаболков оцет и неколку капки етерично масло. Во шише од 100 ml ставете една лажичка јаболков оцет,  додадете 6 капки етерично масло или мешавина од етерични масла, во зависност од типот на кожата,  остатокот од шишето дополнете го со дестилирана вода. Смесата се остава да отстои 24 часа, а потоа се процедува. Јаболков оцет се стави во миксот, бидејќи ја враќа природната киселост на кожата. Ако сакате да  додадете во мешавина од „Розова водичка“ или „Водичка на портокалов цвет“, внимавајте тие се природен производ без синтетички адитиви. Тоникот нанесете го после чистење на кожата за да биде освежена и обновена.
Масла за косата и скалпот – Изберете етерични масла кои одговараат на вашата коса и скалп, и додадете 20 капки од маслото во 50 ml база на масло. Измасирајте го маслото на влажна коса и скалп, а потоа завиткајте ја главата со крпа и оставете ја смесата да отстои половина час пред миење со шампон.
Ароматични бања – Етерични масла може да се додадат во купки за задоволство, за да се овозможи мирен сон, олеснување на проблемите со кожата, опуштање на мускулите или други напнатосто или за подобрување на расположението. Етеричните масла додадете ги во врела или топла вода откако ќе ја наполните кадата дека не би испариле, а можете да ги мешате со малку мед или јаболков оцет, пред да ги додадете, и ако имате многу сува кожа, добро е да додадете малку база на масло. Бањата трае од 15-20 минути и добро е да се применува пред спиење.
Бања за стапала и раце се користи за да се отстранат студот и ревматски болки, прекумерно потење, габични заболувања на рацете и нозете и други кожни заболувања, или само за задоволство. Бањата за нозе на крајот наработниот ден може да биде ефикасна како и потопување во када, и помага при главоболка. Додадете 5-6 капки етерично масло во топла вода. Може да се разредува маслото во неколку лажици мед или јаболков оцет. Натопете ги нозете или рацете десет минути. Добро исушете ги и измасирајте ги со неколку капки од истото етерично масло.
Сауна може да биде одличен начин за регенерација, стимулирање и чистење на телото од сите токсични материи кои се собирани од стресот, лошата исхрана и загадениот воздух ако е во комбинација со мешавина од вашите омилени етерични масла. Најсоодветни масла за сауна се оние кои брзо испаруваат, освежуваат и имаат корисен ефект врз респираторниот систем, како што се еукалиптус, лимон, чајно дрво, нане и бор. Во сауна, етерични масла не треба да се користат во силна концентрација. Во неасе додаваат само две капки етерично масло во 600 ml вода.
Облогите  се ефикасни за да се намали болката во мускулите, исчашувањта и модринките, се користат за ублажување на болка и при проблеми со внатрешните органи. Сепак, важно е да се знае кога да се стави ладна, а кога е топла облога. Топла облога се користи за старите повреди, болка во мускулите, забоболка, менструалната болка, цисти, плускавци и апсцеси. Ладни облоги се користат за свежи повреди како што се исчашувања, модринки, отоци и воспаление, главоболка и грозница. За да ​​направите облога, додадете околу 6 капки етерично масло во 500 мл вода, ставете мала крпа или парче памучна ткаенина во таа вода, истиснете го  вишокот течност и ставете на место кое треба да се третира. Повторете го процесот додека тегобите не исчезнат.
Течности за дезинфекција и миење на устата – содржат масла, како што се сандалово дрво и лимонот, лекуваат болки во грлото, додека миењето на устата со етерични масла од мента, коријандер и анасон го освежуват здивот и да ги уништуваат штетните бактерии. Наједноставен начин за правење течности за дезинфекција и миење на устата е да додаддете една капка етерично масло во чаша во која има две лажички јаболков оцет, добро промешајте и дополнете ја чашата со топла вода.
Инхалација е метод за ублажување на симптомите на настинка и грип, воспаление на синусите, кашлица, висока температура и други респираторни заболувања. Може да ја подобри вашата меморија и да го подобри вашето расположение. Застанете над жешка, речиси врела вода во која има неколку капки етерично масло. Количината зависи од силата на етерично масло (на пример, етерични масла, како што се нане и чајно дрво се многу силни и ќе ве остават без здив, ако ги ставите во прекумерни количини). За брзо олеснување на некои симптоми (главоболка, стрес, проблеми со дишните органи) може да се истури на шамиче неколку капки масло или мешавина од масла и неколку пати да се вдише.
Освежувач на воздухот може да се користи за прочистување на воздухот, кога во близина има некој кој има заразна болест, може да се прочисти мирисот во кујната, мирисот на цигари, ги отфрла инсектите, и го подобруваат на расположението. Многу популарен начин на примена на освежувач на воздух е со употреба на светилки во кои има мирисни свеќи , каде се загрева сад со мешавина од етерични масла и вода, што доведува до испарување  во воздухот. Исто така постои и модерна замена во форма на електрични греалки, а во последно време се популарни, иако се многу скапи, арома вентилатори во кои мала пумпа ладен воздух дува мали капки етерични масла во воздухот. Во зависност од големината на просторот и силата на мирисот, за освежување потребни се 4-10 капки етерично масло.
Ароматични балсами се користат за различни болести, исекотини, гребнатини, каснувања од инсекти, габични заболувања на нозете, ладни рани и смрзнатини. Едноставно направете 30g безмирисен крем (по можност на природна основа) и  додадете во него 20 капки етерично масло.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.