Епилепсијата и тинејџерите

Управувањето со епилепсијата може да биде многу тешко за тинејџерите и нивните родители.

Како тинејџери тие стануваат независни и можат да ја превземат контролата на своите лекови.
Родителите можат да бидат исплашени што се однесува на нивните повозрасни тинејџери што можат да се стават во ризик од напади преку ноќта како што се ноќни забави во диско клубови или универзитетски живот далеку од дома.

Справување со промени

Адолесценцијата е испарливо време, во кое се случуваат многу длабоки промени. Особено важно е кога детето ќе го помине пубертетот, тој/таа траба да отиде на лекарски преглед, бидејќи можно е од физичките промени во пубертетот да треба да се прилагоди терапијата.
Многу родители сметаат дека нивните тинејџери сакаат да престанат со земање на лекови. Некои тинејџери со епилепсија чувствуваат дека тие веќе не треба да земаат лекови или па тие не сакаат да бидат контролирани од лекови. Важно е да им се објасни на вашите тинејџери дека со самото престанување на земање на лекови можат да си направат голем ризик.
Тинејџерските години се често време кога последното нешто е кога детето сака да излегува надвор.
-Тие може да се срамат од нивната состојба.
– Тие можат да бидат преплашени ако имаат напад во јавност.
– Тие исто така може да не им се допаѓаат несаканите ефекти од нивните лекови кои можат да влијаат на нивната концентрација или на нивниот физички изглед.
Депресијата е поголем проблем меѓу тинејџери со епилепсија отколку што претходно се мислеше.
Ако мислите дека вашиот тинејџер кој има епилепсија може да биде депресивен мора да му се пружи помош.
За родителите, емоционалната подготовка за тинејџерските години може да започне од почетокот.
Секој родител на дете со епилепсија треба да работи напорно на неговата психичка и емоционална страна за да се воспостави некој “баланс на доверба“ .
Ако имате отворен и искрен однос со вашите деца кога се млади, тие може да се чувствуваат поудобно со нивната независност, како што стареат.
Од друга страна, ако секогаш сте го изолирале од другите, или сте му наметнувале ограничувања и забранувања врз нив, тие кога ќе пораснат поголема е веројатноста да се бунтуваат.

Возење кога тинејџер има епилепсија

Добивањето на возачка дозвола е монументален настан во животот на повеќето тинејџери. Сепак, во повеќето случаи, тинејџерите со контролирани напади би требало да можат да добијат возачка дозвола како и секој друг.
Важно е да разговарате со вашиот тинејџер во врска со оваа тема, бидејќи ако има напад за време на возење, не само што може да си наштети самиот себеси, може да им наштети и на другите луѓе околу него.

ИЗВОР


Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.