Зачини кои лекуваат

hranata-kako-lek-zacini-koi-lekuvaat

Нема ништо поубаво од тоа на некое јадење да му се додаде зачин кој сте го купиле на пазар или пак сте го набрале во природа. Освен што му даваат арома на јадењето, овие билки се и лековити.

Ако немате свежи билки, можете да ги користите нивните етерични масла. При тоа внимавајте да ги набавувате од проверени добавувачи и секако внимателно дозирајте. Ако етеричните масла ги консумирате орално имајте на ум дека е сосема доволно да внесете три капки вкупно од сите етерични масла во склоп на еден оброк. Додајте ги во јадењето пред самото послужување.

Босилек
Босилекот го забрзува варењето. Одличен е за салати, супи и тестенини.

Жалфија
Жалфијата го намалува потењето, налетите на топлина, ја запира лактацијата и го прочистува грлото. Најдобро е да се користи во супа, јадења кои се печат и во некои сосови.

Рузмарин
Рузмаринот го сметаат за природна замена на аспиринот бидејќи го смирува нервниот систем и го забрзува варењето. Одличен е за варива, супи, а убава арома им дава и на печењата.

Копар
Копарот ги смирува гасовите и надуеноста. Најдобар е во супа, сосови и преливи.

Кориандер
Кориандерот е ефикасен при инфекции на мочните патишта, а им дава арома на супите и зеленчукот.

Магдонос
Магдоносот го освежува здивот. Тој е силен диуретик, одличен е при инфекции на моќните патишта. Се служи со речиси сите јадења со месо и риба, а неизоставен дел е и на супите и чорбите.

Лук
Лукот е природен антибиотик. Добро оди со сите јадења, особено со риба, маслиново масло, салати и варива.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.